Уф леле душичка, може да те прашам колку месеци е? Драга јас би ти рекла не. Мојата филозофија е против нафтени деривати, особено кај децата.
Драга обично за ваков проблем препорачувам крем кој одржи и цинк оксид, ама не онаа класична паста која може и сами да ја направите туку нешто што ќе содржи и масла. Случајно пред некој ден видов во ДМ еден крем на Здраве. Обично оваа козметика не ја гледам затоа што оние произоди кои ги имам видено се на парафинска база, кои мене ме ужаснуваат како оваа на пример Aqua Paraffinum Liquidum Petrolatum Zinc Oxide Cetearyl Alcohol Sodium Cetearyl Sulfate Stearic Acid Cera Alba Lanolin Propylene Glycol Parfum Sodium Benzoate Hexyl Cinnamaldehyde Citronellol Hydroxycitronellal Butylphenyl Methylpropional Linalool Hydroxyisohexyl 3-Cyclohexene Carboxaldehyde Alpha-Isomethyl Ionone Benzyl Salicylate Limonene ама на таа која што ја видов пишуваше 100% природно и затоа ја загледав. Сега ќе е потрудам да ја најдам на нет и ќе ти пратам слика со состав. составот не можам да го најдам онлајн ама знам една девојка која има егзема и ја користи па ќе ја замолам да ми ја сликне и ќе ти испратам. Според составот кој го видов имаше масло од карите, имаше цинк оксид, јојоба...би требало многу да одговара. Штом ми испрати декларација ќе ти постирам и објаснам. Инаку павловичева ако не се лажам е на парафинска база. Ја запушува кожата, воопшто не е компатибилен и ова многупати го имам споменато и еве вие самите сте сведоци на сопствена кожа. Се слушаме подоцна
А што би сметало тоа етерично масло? Класичниот гел и шампон од невен е прекрасен, а овој го видов и ме интересираше? Цената на гел од невен е 600 ден за 200 мл, а овој што ставив слика е 400-450 за 150 мл. Цената е иста, прашувам информативно. Сеуште сум на мисла за сапунот, понудата е примамлива, ама па да не погрешам.
Драга за сапунот нема да погрешиш земи си ја понудата. Етеричното масло кај мали деца може да развие алергии, сеуште не се подготвени за етерични масла бидејќи кожата е уште нежна. Затоа тој другиот е само невен. Поздрав
@Biodevojka која козметика би ми ја препорачала за бебе Mustela, Weleda ili Naturaverde. Од Натура успеав да го најдам само ова шампонче Natureverde - Organic Disney bubble bath
Драга Мустела не би ти ја препорачала во никој случај јас сум поборнок на природно и органско и сум верна на она што го работам. Останатите две како марка се одлични и двете. Ова на Натура Верде мене лично многу ми се допаѓа, порано имаше поголем избор, меѓутоа сега нешто послебо ги носат. Јас ги земав од Веро. Веледа секако е проверена природна и органска козметика исто така добра.Ова на сликава го користевме за внуките кога беа помали и беше прекрасно како производ. Секако имаш и други марки на природна козметика како Алверде, некои производи на Хип не се лоши (не сите секако само одредени се добри), потоа исто така природна и органска имаш на Уртекрам која мене лично многу ми се допаѓа, имаш линија за бебиња и линија за деца. Се надевам ти помогнав. За било што слободно пиши.
Ти благодарам многу за одоговор. Ќе проверам од Натура Верде во апотеките што можам да најдам друго затоа што само ова шампонче го имам приметено. Ќе проверам и за Уртекрам дали можам да ги најдам тука.
Драга порано целата колекција ја имаше во веро, не знам зошто не ја носат. По аптеките може да најдеш некоја залиха. Земи што ќе најдеш од Натура Верде, она што нема да го најдеш замени го со Уртекрам. Инаку тие на Уртекрам за бебе се овие кои ми се допаѓаат поради фактот што се без парфем може да ги најдеш на сајтот на bellina.mk. Драга колку што знам јас би требало да ги има во сите аптеки. Доколку сакаш да знаеш за одредена аптека, ти советувам да ги исконтактираш Веледа на нивната фејсбук страна или на инстаграм. Тие многу повеќе од мене ќе знаат да ти одговорат на ова прашање. Поздрав.
Не живеам во Македонија, затоа можеби ќе имам можност да најдам нешто повеќе од колекцијата. Уртекрам сега побарав гледам дека е достапна. За девојката погоре @Sanemsi гледам си и препорачала Здравје, јас тука најдов некоја козметика Оriginal Sprout (eczema Kit), доколу можеш види ги состојките и дали би и помогнале, би се снашла некако за да и пратам.
Успеав ова да го најдам само, а кога следно ќе ја сликнам и декларацијата. Ти благодарам многу https://originalsprout.com/pages/ingredients
@Biodevojka а за себамед што имаш да кажеш? Кога имав проблем со лицето, само нивните бебешки успеаја да ми го смират, и некако сум приврзана за таа козметика, е сега за бебе и незнам баш? Се мислам меѓу себамед и веледа ?
Драга ова е пишано многу генерално само за состојки. Затоа кликнав рандом на еден производ мислам дека крем за бебе беше и имаше силикони во формулата. Не на висока позиција секако ама од мој аспект јас не би можела да препорачам ништо што содржи силикони во никој случај. Исто така кликнав и на друго средство за туширање, формулата беше убаво избаланирана, не комплетно природна, иако тоа за туширање беше далеку подобро од кремот. Затоа најдобро сликни ми го производот, оти различно е од производ до производ. Драга за Веледа тврдам јас лично. Дури едно нешто многу интересно, јас секогаш велам да се избегнува ланолин не затоа што ќе не утепа, туку затоа што како состојка потребно е да бидеме сигурни дека е чист (се добива од овците и ретко кој може да гарантира за чистотата на состојката). Веледа беше единствена фирма која кога ги исконтактирав во Италија ми го пратија листот за гаранција за чистина на ланолинот. Затоа и верувам во оваа мерка, транспарентни се, нема што да кријат. Другава себамед не ја познавам, ако си љубезна за да ми ставиш декларација да видам за што станува збор ќе можам повеќе информации да ти дадам. Поздрав.
Ја видов во новиот каталог на ДМ, дали ја има некој случајно земено да сликне декларација или да сподели искуство? @Biodevojka дали можеби знаеш нешто за кремава?
@Biodevojka еве ги, од крема за пеленска регија, обична крема, за туширање и шампонче Фала ти многу !