Драга првпат го гледам, а да знаеш ме заинтересира...Дали некој може да стави декларација? Ако не утре одам во ДМ да го видам... п.с. ако добро се сеќавам една девојка ми покажа некој крем за сончање со стово име кој не беше лош...нешто ми е останато во меморија ама не се сеќавам добро... Драга најискрено ниедно не ми се допаѓа/ Двете креми се на парафинска база а производите за туширање не се природни. Помеѓу ова и Веледа, јас би ти рекла Веледа без размислување. Ова секако е мое мислење, ти имаш право на избор секако.
Може да ми објасниш за ланолинот? Многу е опасен ? Прашувам дека нели ги мачкаме брадавиците со ланолин за да омекнат и бебето цица, има објаснување дека нема потреба да се измива пред цицање...сега кога те читам ме замисли...
Што е всушност ланолинот? Ланолинот претставува еден вид на природен восок со жолтеникава боја и многу интензивен мирис кој може да се неутрализира со процесот на преработка. Тoj е производ на лојните жлезди на овцата и се собира во волната од самата овца и има заштитно дејство. Човекот го добива ланолинот по пат на преработка на волната. Структурата на ланолинот е одлична за нега на нашата кожа и тоа не е спорно. Честопати се препорачува како нега на градите кај трудниците, меѓутоа има една многу важна работа за која би сакала да проговорам а тоа е чистотата на оваа состојка, а со самото тоа и сигурноста за нејзината употреба. Проблемот е во тоа што честопати ланолинот е полн со пестициди. Овците кога шетаат по полињата доколку истите се третирани со пестициди од најразличен вид, ги собираат пестицидите во волната која за жал не може комплетно да се прочисти при процесот на преработка. Голем дел од тие пестициди завршуваат во ланолинот, а секако и во козметичките производи кои го содржат. Мора да напоменам дека не сите видови на ланолин се исти и постојат и видови на ланолин кои се навистина чисти под услов овците да се одгледувани во органско земјоделство, ранети со соодветна храна и во услови каде земјиштата не се прскани со пестициди. Проблемот е што не може да бидеме сигурни за потеклото на ланолинот со оглед на тоа што производителите го купуваат од набавувачите кои го набавуваат од пазарот за голема потрошувачка каде го носат одгледувачите. Многу тешко е да се открие потеклото на ланолинот освен ако директно не се земе од одгледувачите кои своите овци ги одгледуваат специјално за оваа намена. Потребно е да го видите картонот од лабораторискиот тест а тоа е малку невозможно кога ги купуваме производите. Како замена за ланолинот драга може да користиш кокосово масло. Значи јас не сум против ланолинот, доколку е чист има преубаво дејство врз кожата, проблемот е навистина да е чист, а без лабораторискиот тест не се знае ништо. Знам дека пред многу години во Италија кога ги контактирав фирмите за ова, Веледа беше единствена што ми одговоори. Затоа не се сомневам воопшто во нивните производи. Ах исто така и Др. Хаушка во декоративната козметка (кармини) користи прочистен ланолин. И нив ги контактирав затоа што во Италија користев многу декоратива на Хаушка која е фантастична, пред да ја отркијам Неве Козметикс. Голем број на сајтови за козметички состојки кои продаваат ланолин за изработка на козметика гарантираат за ланолинот со гарантен лист. Зависи дали директно го купуваат или на големо. Се надевам ти помогнав. Те гушкам
Ааа ќе си стои во фиока ланолинот. Конкретно на Леа ланолин земал мм. Ќе си мачкам кокосово колку можам. Здравјето на бебе е најважно, не би сакала да го трујам со пестициди. Ти благодарам најмногу
Во ред е тоа, твоја одлука е. Јас користев пурелан на медела до пред некое време. Презадоволна сум. Сметам дека пестицидите кои ги има во ланолинот не се ништо пострашни од воздухот кој го дишеме. Не знам дали кокосово масло е исто толку ефикасно како ланолин, пробај и пиши ни. Јас не би можела да трчам да мијам гради пред секој подој. А особено е важно да се меки брадавиците.
Бебево уште е мало и жолтицата уште не му е убаво помината, па можам да испланирам кога да се намачкам и да отстои сето тоа и да се измијам. Обично е во период кога двете деца спијат. Еднаш дневно се мачкам. Понатака ќе видиме како ќе биде. Ако фаќа бебе убаво града, ако не мљацка, ќе нема потреба од многу мачкање.
Јас сум презадоволна од лосионот за после бањање. Само тоа користам од Логона еве ќе ја прашаме и @Biodevojka и додека сум тука исто сакам да те прашам за сапунчето еуцерин. Со тоа го бањам од прв ден и после бањање мачкам од лосионот на логона. (Го немам кутивчето да ти го сликнам од сапунчето)
Драга Логона бабу не ми текнува во моментов декларацијата. Ако ја имаш стави ја те молам. За еуцерин немам воопшто никакво искуство. Треба да видам како е направен сапунот. Ако немаш декларација ќе видам деновиве во некоја аптека или на интернет ќе се оидам да го најдам.
Би ти била навистина благодарна ако ме тагнеш кога ќе пишеш за кремата, ако успеам да појдам до ДМ деновиве ќе ја сликнам декларацијата
Најверојатно утре ќе одам во ДМ и онака нешто да земем па ќе ја видам. Обавезно ќе те тагнам ме заинтересита линијава.
@Annath ќе сакаш ли да ми кажеш од каде ги купуваш тие детските производи на Белина и ако можеш линк од тие што ги користите шампони и купки? Благодарам
@azelea не сум Аннатх, но да споделам дека од лосионот за тело на Little siberica e одличен, многу сум задоволна. Го користам секој ден по бањање. Девојчето ми е годинка па да не се подречам до сега сме немале проблем со сува кожа. https://www.bellina.mk/p/332/little-siberica-bebeshko-hidratantno-mleko-250-ml
За малово ова го користам https://www.bellina.mk/p/329/little-siberica-bebeshki-gel-za-tushiranje-250-ml оти атопичар беше, сега нема мака како што имаше, ама со ова не му се суши кожата дополнително. За мачкање освен повремено кокосово масло на полувлажна кожа не користам ништо. А ти може, ако сакаш да го земеш лосионот од истава линија, овој https://www.bellina.mk/p/329/little-siberica-bebeshki-gel-za-tushiranje-250-ml Иако не се баш евтини, траат доста. Особено кај бебиња ќе траат повеќе. Исто има на Уртекрам стриктно за бебиња, 2во1 купка и шампон, и лосион. Ова е шампонот https://www.bellina.mk/p/370/no-perfume-baby-antialergenski-shampon-i-kupka-za-bebinja-250-ml а ова лосионот https://www.bellina.mk/p/369/no-perfume-baby-antialergenski-losion-za-telo-za-bebinja-250-ml Не сум голем поборник за многу шлакање и мачкање на бебињата, тие си имаат убава кожа сама по себе, ама после третиот месец може да имаат потреба од нега. Од Уртекрам ги имам шампонот од невен и гелот за туширање за големиот, задоволна сум https://www.bellina.mk/p/102/calendula-gel-za-tushiranje-za-deca-od-neven-250-ml https://www.bellina.mk/p/104/calendula--shampon-za-deca-za-site-tipovi-na-kosa-od-neven---250-ml Имам и од тие глицеринските сапунчиња со играчка, ама тие се повеќе за поголеми деца кога седат самостојно во кадичка и си играат, ем со играчката ќе си игра, ем се бања со сапунот.
Еее фала ти многу ќе си ги зачувам ,па ќе ги имам во предвид нареден пат за ќерка ми да купам од шампонот и гелот за туширање,поевтини ми се од Уриажот што и ја користам маслената купка зимно време.
За внуките ги користевме овие на Little siberica и млекото и за миење и го потврдувам ова што го кажа Коритсаки. Прекрасни се.