Така мирисаат. Јас ги земав редовно на Бејби Лав порано, за големиот. Немаат некој wow мирис, после бањање на чисто мириса.
Драга не би знаела дали е расипано, дали кога го отвори веќе било отворано или не? Дали рокот му е уште валиден? Маслото од бадем е многу убаво ама има една маана....кога ќе се нанесе на кожата и ќе се облечете дава лош мирис поради фактот што лесно оксидира. Ама ништо страшно тоа е само во контакт со облеката. Инаку како крем внатре во производот не би требало. Не знам драга одлучи ти јас најискрено го немам отворено тој производ за проба не знам како мириса.
@Biodevojka не беше отваран претходно. Рокот е валиден. Највероватно како што пиша членката погоре што го користела мирисот се губи по употреба. Пробав на своја кожа и стварно нема после сушење на кожата лош мирис. Така пријатен благ одвај забележлив. Го сликнав уште еднаш составот. Ќе пробам со ова ако не одговара ќе земам нешто друго.
Мамички има ли некој проблем со лупење на коза на стапала и рачиња? 8 дена сме па нз што би помогнало
Ние сме две недели, се лупи цел, не многу ама се лупи. Јекодерм сега за сега само користам, после бањање, и тоа не го бањам секој ден. Нормално е.
Мајки каков крем да купам за заштита од ветар..времево залади и сакам да мачкам на лице за да не му испука кожичето..не дека многу излегуваме ама во двор го подизнесувам??
Јас лани земав од Веледа крем за заштита од ветар и студ,до пола ми е потрошен,таман и за оваа зима ми остана
Пред некој ден во аптека ми дадоа бесплатен примерок на Бекутан детски бадемов крем. Мириса прекрасно и многу убаво се упива (гледав дека има и сапун со бадем, и некои други производи). Читајки ја темава ретко кој користи Бекутан козметика па би сакала да ве прашам дали составот е добар? Читам дека има ланолин па дали некој им се обратил на Алкалоид со прашање дали е органски? Скоро 7ми месец сум и веке размислувам за козметиказа бебето и секогаш сум мислела дека ке користа бекутан поради специфичниот мирис што сите не потетува на бебе Го прикачувам составот на бадемовиот крем и @Biodevojka ако сака да го погледне и да даде свор мислење за Бекутан козметиката.
Јас познавам куп мајки кои изгореа деца со Бекутан. Убедливо најлоша колекција за деца! Можда Косили е само полоша од Бекутан.
Косили? А јас планирав за неколку месеци да му купам, ми текнува преубав мирис имаше. Значи да си продолжам со Веледа.
Да специјален крем е за ветар и студ Од зегин гтц ја земав лани на попуст околу 350ден Мрсна е и по малку се става,јас сум задоволна Еве слика