Јас ја имам оваа на Веледа, ама не бев задоволна. Тешка структура е, премногу е мрсна и тешко се размачкува. Ако бебето има нормална кожа, подобро да си побараш нешто похидратантно и полесно.
Сите креми за заштита од ветер и студ се такви, помрсни, прават филм на лицето за заштита од ветрот особено, оти кожата пука. Кај тебе може нема потреба од таков крем, не е толку ладно во зима.
На Мустела не е. Многу е лесна структура и убаво се размачкува. Отпосле прочитав дека мустелата е повеќе медицинска, ама од сувиот воздух Ирис имаше на места сува кожа, и кремава многу добро и влијаеше. Во разговор со дерматолог, ми кажа дека не е препорачливо многу мрсна крема на детско лице. Без разлика дали е помалку или повеќе ладно, кремата е доволно да хидрира и одржува пх вредност. А мрсната затвора пори, не дава кожата да дише и е тешка за измивање.
И на Матео Веледата заштита од студ не му одговараше, многу беше мрсна. Му направи црнки огромни на лицето.
На моиве не им сметаше од Веледа дури беа мали, ама сега мислам да сменам, поголеми се, не трпат тешки креми, море ич не сакаат да ги мачкам.
Ме замисливте сега за кремов. Малиов има нормална кожа, досега немал проблеми. Сакам да му го заштитам лицето од студено, но не сакам да му се зезне кожата
И јас сум на мисла. Имам и обичен крем на веледа од невен, лесен е и убаво се размачкува. Не би ставала мустела, откако е роден само со веледа го мачкам на лице.
Јас би внимавала со користење отворени сезонски производи повторно, особено за бебе. Секој производ има драстично помала трајност по отворање, од првиот момент откако ќе дојде во контакт со воздух. Конкретно кај природната козметика PAO периодот е 6 месеци (во најголем број од случаите), 12 скоро сигурна сум дека не е. Така што, ако си ја користела минатата зима, веќе е кремата со 6 месеци над максималниот рок за користење. Чисто добронамерен совет од моја страна за претпазливост.
Ни јас не сум имала потреба, го мачкам за да му е нежна кожичката. Секако му е како памук, ама додека беше бебе секој ден го мачкав, сега дали еднаш неделно.
https://www.bellina.mk/p/326/little-siberica-polar-explorer-bebeshka-zashtitna-krema-za-lice-75-ml Jas ovoj planiram da go poracam.
Тие што користите производи на Little Siberica, дали купувате посебно купка и шампон или ги миете целосно со купката бебињата? Прашувам зошто на Веледа купката ја користам и за миење на главчето.
Здраво мајки, 3и пол медеци сме и не ставам ништо на кожата на бебе освен што го капам со ciribe de farme и то е то... Засега е добар, кожа супер немаме проблеми и се мидлам дали да почнам да го мачкам со некоја и каква крема за тело така после капење...
Баш ќе им пишам на Веледа на фб, никаде нема назначено колку месеци по отварање може да се користи Рокот е до 2022 и доле крукчето со alu што не знам што значи,обично во крукче стојат месеците на употреба
И јас ја имам кремата за пеленска регија со цинк, а со шампонот и купката го бањав големото, а сега и бебе. Затоа очекувам да е добра кремата, ќе видиме со тек на време
Штом ти трае до 01.2022 а си ја купила лани, значи отприлика 24 месеци и е максимален рок на трајност. На официјалниот сајт на Веледа пишува, дека ако има производот рок помал од 30 месеци, треба да се искористи во рок од 3-4 месеци по отворање.
Вчера ја купив кремава на Веледа за заштита од студ,денес ми текна да ја извадам од ташна.Штета што не ве прочитав,немаше да ја купам.Ставив малце на раката,премногу е мрсна,не е ни крем,туку маслен гел.Беба има нормална кожа,не се појавил никаков проблем до сега но не би ја мачкала со неа,претешка ми изгледа.