Видoв ама не сум сигурна на babylove имаше крема сo иста намена да jа видиш за бебе Нели ептен ги фалеа прoизвoдите, беше oкoлу 100 ден.
Драга те молам убаво сликни ја само декларацијата многу ми се ситни буквите вака не можам да ги видам. Драга ти слободно земи ја колекцијата на Веледа ама не ја користи уште одма на новороденче. Еве ти дел од една моја статија како да се започне полека со внесување на козметички производи кај новороденчиња - во првите три месеци нема потреба од никакви производи од продажба за бањање на вашето бебе, без разлика на тоа колку истите се органски, нежни или убаво формулирани. Бебешката кожа е премногу нежна и во овој период ви препорачувам да да ставите малку оризов или пченкарен скроб (нишесте) во кадичката со вода за бањање. Доколку сакате, наместо нишесте, може да користите една шака ориз (завиткан во газа од аптека) ставен во водичката за бањање. - од 3 до 6 месеци може полека да се започне со воведување на многу нежно средство за миење, природно и со убаво избалансирана формула. Воведувањето потребно е да биде постепено: трипати бебето е измива со оризов скроб, а четвртиот со многу мала количина средство за измивање, растворено во кадичката со вода. На тој начин бебето постепено се доведува во контакт со производите за измивање и состојките кои ги содржат, се прави постепено навикнување на бебешката кожа на истите, и се спречува или минимализира појавата на алергиски реакции. Што се однеува до употреба на креми, млека и масла за нега на детската кожа, лично сметам дека, до третиот месец, доколку бебешката кожа е мека, убава и не покажува никакви знаци на црвенило или пак сува кожа, нема потреба да се користи ништо. Случајот е друг доколку кожата на бебето е иритирана, се забележуваат појава на црвенила или пак кожата резултира сува. Тука потребно е да се реагира со хидратантни производи кои ќе ја спречат иритацијата и ќе помогнат во задржувањето на влагата на бебешката кожа како на пример едноставни хидратантни креми на база на невен или камилица, или пак масло за нега на бебешката кожа. Во многу случаеви според мене подобро е емулзиониран крем со оглед на тоа што содржи и водена и маслена фаза, иако и маслото доколку се нанесе на благо навлажнета кожа (по бањањето) дава одлични резултати. Ти земи ја Веледа преубава е искористи го попустот, ама почни полека како што е тука објаснето со цел бебешката кожа постешено да се доведува во контакт со козметичките средтсва и состојки.
ти благодарам на исцрпниот одговор. сега за сега зедов крема за пеленска регија и масло од невен за мачкање после бањање, а други производи отом потом. верувам и во декември аптекиве ќе имаат предновогодишни попусти. оризов скроб/нишесте од каде може да се набави? прв пат слушам за вакво нешто.
Здраво драга може да се најде во супермаркет. Ако не најдеш нишете, тогаш земи шака ориз во газа и стави ја во водичката. Тоа може како алтернатива. А за предновогодишни попусти во тоа биди сигурна гарант ќе ги има еден куп. Поздрав.
@Biodevojka еве ме пак, сега имам декларации еве ти ги пуштам да ми кажеш за логона бејби и еуцерин сапунчето
Првата ДА, другата НЕ. Барем лични мене не ми се допаѓа. Првите две слики мислам дека се од ист производ, тој е убав формулата е убава така да би ти рекла да...Другиот производ тој на Мк не ми се допаѓа/ Поздрав.
@Biodevojka Какво мислење имаш за Limes производите? Се декларира како компанија со еколошки производи но дали е навистина така... Исто ме интересира дали некоја мајка ја има користено беби купката од Лимес
Моментално немам нивни производ, штом стигне ќе сликам...Благодарам,а верувам и сите членови на фемина се благодарни што секогаш издвојуваш време и сакаш да помогнеш некому...прекрасна си
@Biodevojka Дали ќе можеш да ми препорачаш крема за суво лице за дете 1 годинка. Сув е посебно пределот лево и десно од носето. Како залади така се појави сувоста и не знам што да користам. Однапред благодарам на одговор
Драга обично не препорачувам креми за лице меѓутоа во твојот случај да. Може слободно да ја земеш на Веледа за тело (комплетно може и на лице да се стави) или ако сакаш без мирис најдобро на Уртекрам Лосионот без мирис кој може на тело и лице. Кога станува збор за бебиња слободно може да се користи кремот за тело и како нега за лице. Нема потреба од посебни креми важно е убава емулзија без многу екстракти и по можност без мирис. Еве ги производите кои ти ги препорачувам П.С. штотуку забележав дека лосионот на Уртекрам е моментално на 50% попуст наместо 595 ќе го земеш за 298 мкд. Поздрав.
За @Biodevojka.. Dobiv Na poklon kozmetika od oriflame pa bi te zamolila da mi kazis dali e dobra za koristenje.
@Biodevojka еве ме мене со слики со зелените букви е гел за туширање од Лимес а другата е Frezyderm...Сликав и од Frezyderm зошто ме интересира бидејќи се работи за позната медицинска козметика лично ја имам користено за синчето... Однапред благодарам
@MikicaBt Прашањето не беше до мене ама сепак ќе искоментирам... козметика како Авон,Орифлејм не се органски и можеби некои нивни производи немаат парабени ама сепак мислам дека содржат други некои штетни хемикалии