Драга вториот апсолутно не...првиот е за нијанска подобар ама не ме воодушевува да си бидам искрена. Како што кажа покахонтас не е комплетно природно има синтетички состојки акрилати итн. Зошто кога има еден куп убави природни производи за нега. Драга најискрено се ужаснав и од двете. Првото има избалансирана формула меѓутоа многу лоши состојки, а ако не се лажам и формалдехид видов...Второто има сѐ што не треба пропилен гликол на висока позиција, коктел силикони, пег...Јас лично ни за непријател не би го земала. Знаете дека ме напаѓаат фирмите кога давам вакви коментари, ама прво овде секој има право да си го каже своето мислење, а второ не би си дозволила никогаш да ја изневерам довербата на тие што ме следат, 5 години се залагам само за природно и ништо друго не доаѓа предвид, не правам компромиси за синтетика. Сум ви препорачувала и производи кои не биле органски како одредени на Балеа или пак одредени на Хип ама декларациите биле добри и што е најважно избалансирани. Поздрав.
Драга мене лично не ми се допаѓаат на база на петролатум (навтени деривати) а башка и конзервансот не ми се допаѓа воопшто.
Предлог за крема за лице за заштита од студ и ветер? Во Белина ја нема таа што ја пофаливте тука на Little Siberica, не знаат ни дали и кога ќе ја добијат повторно, на Веледа дека помасна и потешка не ми се зема, некоја друга од која сте задоволни?
Нивеа ја користам моментално, многу ми се допаѓа. Ама знај дека сите овие креми за заштита од ветар и студ се помрсни, мора да остават слој на кожата за да штити. Веледата е исто убава многу. Нивеава во еден сет ја добив подарок па да ја искористам (сепак ми се допаѓа и убаво мириса плус), инаку Веледа ми е прв избор.
Не знам дали има во ДМ, ама можеш да прашаш преку порака на ФБ, имаа и Алверде и Бејбилав такви креми, мислам дека на Бејбилав ја имам користено за големиов, ама не паметам баш. А мислам дека и двете имаат солиден состав. Особено Бејбилав, Алверде има алкохол, на БејбиЛав не. Овие ги најдов на официјалната страница, види дали имаат нешто во ДМ кај нас. Спојлер
Земи ја Веледата. Јас пишав дека ми дојде страшно мрсна,но сум го истиснала маслото на почеток кое се одделило од кремата.Треба да се протресе благо.Иначе е топ,ја пробав на страшен ветар и на 3 степени,на беба и’ се упи во лицето,и дома немаше ич масно,ко свила и беше кожата.
Значи не е тешка? Нема проблематична кожа беба, не сакам да направам проблем, а баш тука се коментираше нели пред некое време дека е многу масна Дури сега ме замисливте
Не е.И мојава има нормална кожа.Е сега,кога ке ставиш делува малце тешко и мрсно,но тоа е случај со сите вакви креми,заштитна мембрана од ладен ветар се.Но,ме изненади колку убаво се впива во кожата,плус целосно природна е. Ми излезе и реклама на Мустела има стик за лице,побарај го и него ако сакаш.
Оваа ли е? На веледа сите креми се такви. Ако не се користат одреден период, маслото се дели од кремата.
За Мустела читав дека е медицинска козметика, затоа барам нешто природно, Веледа користам за капење од почеток и сум ептен задоволна
Препорачајте ми лесна крема за лице за бебе ( 12+м ) Многу често знае да му се појави ситно мозлче на едната страна, и малце како порапава е кожата во тој дел
Крема со цинк,хидратантно млеко,шампон,купка за бањање и витаминска крема. Ако ти се исфрла или нешто ако појави ќе си земеш дополнително за одма не ти треба
Јаа го бањав со гел 2 во 1, мачкав со крема на веледа. За пеленска регија или истата од веледа или павловиќева. А земи си и крема со цинк ако се појави црвенило.
Купка и млеко за тело (користам еуцерин пх5) Крема со цинк имам Судокрем Убаво е да имаш Јекодерм,масна крема може да се става на цело тело кај што има потреба. Јас му го мачкав челото на почетокот му се лупеше. Исто така на почетокот го мачкав и со Павловичева крема (оригиналната) за да не му се лепат каките на газе и да не се вцрвенува.