Мене ми донесе Дани Веледа и само докупив Панетен во лименка што е таа место павловичева и толку. Првиот месец мачкав тело со уље Веледа дека беше дехидриран и многу сува кожа, после не мачкав веќе. Лицето со крема еднаш два пати го намачкав и тоа толку, му излегоа бубулички и прекинав. Пудра и павловичева не користев, за газе ако зацрвенеше ставав Панетен, а не се лепеше пошто одма го миев. Е еднаш се деси да се искака и да се залепи, не беше дома и не го осетив кога го земав, па се улепил и многу плачеше а не кажува што му е, додека сфатам, тоа жар беше, ама тоа очигледно беше дека стоело подолго од 1 час каката на газе. Во таков случај мачкав дебел слој крема и толку.
Мајки искуство со биоклин или риластил козметика? Користам веледа и логона но ни се појавија акни на лицето ми препорачаа да сменам некоја од овие козметики или некоја друга хипоалергена од што сте задоволни овие две ич не ми се познати...
Предложете некоја крема за замена на павловичевата за постојано користење.. Откако почна со храна цело време газето е црвено.... Постојано ја одмивам и користам кремата со цинк на little siberica меѓутоа подобрување има повремено..
@AngelOfArh @Sofi.ja дали овие кремите што ми ги предложивте се за постојано користење на секое менување на пелена?
Веледа за пеленска регија.И на мојата почна да и се вцрвенува газето откако почнавме со дохрана,каките се тврди и се лепат ептен.Ја мијам на секое какање,но сепак ставам и крема.Пред тоа немав потреба од ништо.
Little siberica и кај мојата не даде никакво подобрување, па се вратив на Веледа и топ е. За почесто користење, а на природна база дефинитивно Веледа.
Благодарам за советите.. Купив судокрем и веледа... Тоа најдов во зегин.. Се надевам дека ќе и помини.
Мајки какви креми, шампони, купки, влажни марамчиња и т.н. можете да ми предложите за новороденче. Од кој сте најзадоволни?
Моментално користам само Веледа купка и шампон 2во1, влажни марамици Виолета 99% вода (го бришам само кога е какан, кога е мочан само со тетра пребришувам), како новороденче кога секоја пелена му беше какана мачкав Веледа за пеленска регија, а сега многу ретко обично пред спиење мачкам павловичева. Досега не сме имале апсолутно никаков проблем со кожата освен еднаш на стапалото една свивка што му поцрвене. А да, до 2 месеци го мачкав со Веледа лосион за тело онака за да мириса убаво
Еуцерин маслена купка и лосион за тело со пх 5.5 користев 2 месеци ептен задоволна, сега сме користиме мустела 3 месеци поубаво ми мириса бебе, влажни марамици виолета 99 % вода само кога одам на доктор користам инаку дома со тото крпчиња и вода ја бришам
не фрлај џабе пари,нормално е да има акни се чисти бебчето,ептен е мало.и кај моето му излагаат на лицето ама со ништо не третирам.