Здраво, ако може препорака за некое кремче за секојдневна употреба. Сува кожа има склона кон дерматит.
Ја користела ли некоја мајка веледа со бел слез? Забележувам дека кожата на нозете му е некако сува, па би и дала шанса на оваа линија. На 20% е инаку. @jovana03 си ја пробала оваа крема со бел слез? За хиперчувствителна кожа склона кон егзема и атопија е.
Јас се мислам да ја пробам, до сега немал ваков проблем, ама во последно време кожичката му е сува, а со веледа го бањам и мачкам откако е роден.
Мислиш на Дерма линијата,бело со лила пакување? Го имам кремчето за лице,нема никаков проблем мојава,но класичната ми беше премногу мрсна,па ја земав да ја мачкам повремено,дека е на природна база. Не мириса никако,само има фина лесно впивлива текстура.
Здраво,ако може некоја мајка да ми препорача за малата(2 год) некој крем за лице со заштитен фактор? Во последно време приметувам како да и се прават мали флекички на лицето од сонцето,а по аптеките ги има разни и не знам која да ја одберам.По можност органска да е.
Јас се користам од веледа, имам и ваква, за секојдневно мачкање. Со фактор е ваква, Има 30 и 50 фактор.
Остава да, ама се друго коридтам од истиот бренд и не сакав да комбинирам и да тестирам. Плус преку лето излегуваме околу 7 па не го ни мачкам. Само за на плажа ке е бел.
Во Систина го бањаа со бекутан и со мустела темната и двете му одговараа сепак за козметика почекај. Каде ќе се пораѓаш? Мустелата е добра само мислам дека нема потреба од толку пари фрлање ако некоја друга поефтина козметика одговара
Па сакам за почеток барем да е подобра козметика, се мислев за Мустела или Веледа, јас секако нежа да купам сега, имам време да размислам, ама сакам чисто да си имам во предвид, за штедење пари да се организирам, хаха. Ќе се пораќам во Чаир, државно.
Веледата ти е на природна база колку што знам али можеби бебе ќе е со атопичен дерматит ќе треба Уриаж да користиш никогаш не можеш да знаеш ќе земеш мустела ќе платиш над 500ден а бебе ќе ти се исфрли не дај боже затоа ти викам пробај со поефтино, не секогаш скапата козметика значи и добра
Јас од мустела не сум задоволна. Т.е. имам тестери во ремедика ги даваат. За црвено газе ставав веледа па не биваше, па ставав мустела за пеленска регија не биваше. На крај го опрајв со Павловичева оригинал. Џабе толку пари џабе органски на моето бебе црвенилото со ништо друго не му помогна. Дури и пелени сменив но не беше до тоа. И други витамински имам на бејби лове и на бекутан не помогна дома Џабе ниедна не го оправи газето а бев многу против павловичева. Ако се најдете во моја ситуација пробајте и вие за црвено газе не го мачете како ја што го измачив цела недела павловичева го опрак за 24часа и веќе немаме проблем.