За бањање веледа му користам. Еве сега последниве два пати и со Хип го бањав. Цимерката со бекутан го бања. Нема разлика по мене веледа и хип и бекутан се добри. Ако ти е мерак како мене купи си веледа. Јас да го дотрошам и ќе користам било што освен педијатар ако не каже да користам веледа или мустела. Кожата му е супер нема потреба од посебни креми кај мене.
Не знам искрено цени на мустела бидејќи ги добив тестери дома. Различно ставам. Го бањаме со веледа, лосион на мустела ставав сега на хип ставам после бањање лосион. Бекутан на лице каде што има гребаници бидејќи се гребе многу. За пелени павловичева ставам а веледа за пеленска 2-3 пати на ден. се различно. Мислев се на веледа да купам ама откога видов на газето не помогна баталив. Ама затоа треба да пробаш и да видиш каква ќе му е кожата. Не знам кај ќе се пораѓаш сегде даваат некакви тестери и ќе пробуваш
Тука негде се со цени и веледа и мустела зависи што купуваш. Според мене купи си пред пораѓај барем нешто основно пошто дента ќе те пуштат дете треба да бањаш кај ќе анализираш што козметика да земеш. Во чаир ќе ти кажат само со еуцерин сапун на идење на сите тоа ни го кажуваа сестрите, педијатарката таму логона ми ја препорача или бекутан кога ќе видиш дури не пробаш нема да знаеш
Како бе Бекутан се добри, па тоа е жива нафта, ништо квалитетно. И не, не е Бекутан од наше време и ова исто, не е исто време. Бекутан е најлош избор. И самата цена ти кажува, ама ти си знаеш.
На моето бебе тоа му одговара Кој што сака нека си користи И павловичева не чини него го спаси Тоа е важно
И да ти ги препорачам Бејби Лове од ДМ да ги разгледаш. Од нив користам пелени, туфери, влажни марамици. Земав крема за лице за на студено време. Кремата за пеленска регија не ми одговара многу е некако тешка и остава бело. Ама планирам понатака да ги користам тие. Чисто ѕирни си ги да си ги знаеш оред да се породиш
Јас купив козметика на CORINE DE FARME, имам ноешто користено од претходно и ок ми се, а и органски се.
Колку помалку хемија на кожата, толку подобро. Нема гаранција дека најскапата козметика е најдобра и дека ќе му одговара на бебе/дете. Напротив. Впрочем, се е индивидуално, секоја кожа е приказна за себе. Од раѓање користев еуцерин сапунче и мачкав со јекодерм, витаминска крема на Бекутан за пеленска регија. Повремено бањав со маслена купка на Еуцерин. Влажни марамици не користев, ептен у зорт. Лосион, млеко за тело не користев. И сега, еднаш, два пати месечно дали ќе го намачкам. Вака терав скоро 2-3 години. Кожата бела, мека, свила и после 6 год.
Нас павловичева оргинал ни правеше црвено газе и ни помогна веледа за пеленска регија ставам сабајле и навечер а преку ден од бекутан павловичева
Во Чаир се имаш породено? да не знаеш со што сапунче ги бањаат таму? Многу интересно ми мирисаше бебче откако ќе го избањаа па си викам да земам сапунчето да не е до тоа
Хип е добар, посебно гелчето за бањање е супер. Ама бекутан е хемија, најлошо што можеш да купиш. Основна разлика меѓу веледа и мустела е тоа што веледа е органска козметика а мустела е хемија со висока цена. Хип е подобар избор од мустела. Ако не веледа, јас хип би коростела. Сега на акција има куфер веледа 1025 денари со гел за бањање крема за лице и крема со цинк. Посебно купени е гелот 600, кремите по 500 + -.
И јас бев против и павловичева и бекутан. Бекутан ја си користев за мене за дете никогаш не би. Ниеден производ на бекутан. Но сфатив дека грешам. И павловичева содржи парафин ациди борици и не знам уште што ...забранета беше едно време во ЕУ ништо поарна не е од бекутанот. А еве ми помогна. И ај да не ја користам нема шанси. Срце ме боли што бебе ради мене плачеше со денови од црвено газе. Секое мењање пелени беше хорор. На малово лицето лом му беше ставав веледа за лице се опрчив после и мустела. Него бекутан му помогна за гребаниците и за исфрленото. Што му помага тоа ќе му давам. Дај боже бејби лове да му одговара па да си тераме со тоа. По мене тие се врв. Не значи дека ќе се и за некој друг. Моето искуство е такво.
Едно е дали козметиката ле одговара на кожата или не, а друго е дали е добар составот. Павловиќева користам и јас, ама не е исто мала количина на газе, кое патем е покриено со памперс и кожата не диши воопшто, а друго е цело тело. Кога ке го тргне памперсот нема да мачкам павловиќева повеќе, тоа е сигурно.
Јас ќерка ми ја бањам од раѓање со мерима сапунче и павличева мачкам цело тело па кожата и е стално мека. Немора да значи дека ако е марка или пак скапо е квалитетно. Сапунчето го зимам околу 30 денари а павличевата околу 60 не ме фаќајте за збор. Иначе сме 1 година.
Значи Систина се ненормални што ги бањаат бебињата со бекутан реално се е хемија само дома што ќе си направите купка,крема и ред други работи се природни. Додека сам не си направиш и одгледуваш тоа што ти треба све друго е вештачко
Некој искуство со кремава за газе? Викаат павловичева е најдобра, ама кај да најдам тука павловичева, Германија има ли некаде да се најде?
Мајки вие што користите Веледа крема за пеленска регија, каква е по текстура? Мрсна или посува текстура има?
Неколку креми имам пробано за пеленска регија и од веледа ми е ко најмрсна и најлесна за размачкување и многу убаво мирисаа.