Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Дали е ефикасна ?
     
  2. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Супер, фала ти баш ќе земам :D
    Ме фаќаат сега некои носталгии, си ги гледам сликите од тогаш и си викам колку брзо си растат :(
     
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Женски
    @BY<3 Засега добро се покажува. Исто задоволна сум и од судокрем.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Не е сува, убаво се размачкува, не е тешка за нанесување.
    Многу малку ја имам искористено бидејќи сум немала некоја потреба од такви кремови, но тие пати што ја употребив, веднаш му смири црвенило.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    И ние не сме имале проблем до сега, но кај што сме моментално е топла климата и мислам дека од жешкото се вцрвенува почесто, па ми треба нешто ефикасно. Користам Хип крема за пеленска регија, но некако сува е по текстура и не делува во последно. Ке ја земам Веледата па се надевам дека ќе се погоди :) (y)
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.658
    Пол:
    Женски
    @BY<3
    И кај мене е потопла климата, и бебе знаеше малку да се вцрвени летово после море, сол и валда од и од потта. Веледа супер си вршеше работа. Сепак зависи од кожа до кожа.

    Вие што се мислите меѓу Веледа и Мустела, Веледа е органска, а Мустела е медицинска козметика и не е за секојдневна употреба.

    Да споделам искуство. Од почеток сум на Веледа и супер беше, освен кремата за лице за надвор која е тешка текстура. По една година сакав да сменам козметика и ја земав на литл сиберика, млеко за тело, крема за пеленска регија и кремата за лице polar explorer. Млекото за тело е совршено, ја прави кожата глатка и свиленкаста. Сплет на околности бебе почна да пројавува дерматит после 1 година, среќа без поголеми воспаленија па кремата супер и ја хидрира кожата, бар засега. Прв пат се исфрла и на пеленска регија и тоа многу лошо. Кремата на Литл Сиберика за пеленска регија не помогна воопшто. Стана и полошо. Се вратив на Веледа и сега е супер. Наредни вцрвенувања Веледа ги средува со едно-две мачкања. Кремата за лице има средно лесна, но многу пријатна текстура. Лесно се нанесува и размачкува и кожата фино ја прима. Нејзиното лице знае да се потсуши надвор на ладно време, ама за разлика од кремата за лице на Веледа која се покажа претешка, оваа на Сиберика многу убаво налегнува на лице и засега нема проблем.

    За павловичевата сите ми се чини ми го знаат ставот. И моја бебла се исфрла лошо неколку пати по прв пат периодов, а овде замислете нема Павличева.:o Покрај толку креми со избалансиран состав и за сечиј џеб, павличева и бекутан се најлошото што можете да му намачкате на детето.
    Ве молам не мачкајте било што оти моментално не се гледа реакција. Последици кожата ќе покаже секако еднашка од користење лоша козметика.
     
    На babydust, 0ли и BY<3 им се допаѓа ова.
  7. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Ја зедов Веледата денес прв пат мачкам се надевам ќе се повлечи црвенилото. Фала за споделеното искуство. :)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Мајки за лице мустела стелатопиа може ли да се користи за црвенило и акнички? Педијатарката ми реле некоја атопик да му земам ко риластил ама таква не најдов конкретно за лице. Веледата не му одговара за лице. Искуства со мустелата сталеотопиа ок ли е?
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Моево од што се бута и од млекото му се појавија на образите и брадата почнав да мачкам неколку пати во ден обично после јадење и денес се повлекле скоро и да нема
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Од каде ја купи? Прашував во еурофарм зегин ја немаше незнам каде да ја барам
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Тестерчиња имам ми ги имаат донесено иначе во зегин би требало да имаат обично они ја држат Мустелата
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Molly.dolly

    Molly.dolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2019
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka што мислиш за мачкање на бебе првите неколку недели со Пантенол?
    Планирав со Јекодерм првите 2 3 недели, па после да си земам нешто друго зависно од кожата ,weleda,uriage, mustela , но нешто се размислувам за пантенол, јас лично кремот го носам 24/7 со мене и сум презадоволна, ама според состав незнсм за бебе како е ? Еве ги и кремот и мастот .
    И препорака за дезодоранс , стик без алумин. За време на доење ?
     

    Прикачени фајлови:

  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга јас лично за бебиња до 3 месеци не препорачувам никаков козметички производ за мачкање доколку ожата е убава и компакт и нема црвенила или несакани реакции. Првите ри месеци бањај го со орзов скраб (или шака ориз во газа од аптека) во кадичката и тоа е тоа. После третиот месец постепено воведувај средтсва од продажба како на пример Веледа кои се одлични на следниов начин трипати бањај го со оризов скраб а четвртиот со средство за капење многу мала количина растворено во кадичката а не директно врз кожата. На тој начин бебето постепено ќе доаѓа во контакт со состојките и помал е ризикот за развивање на алергиска реакција. Исто и со кремите за мачкање. Според мене најдобра е веледа за бебиња, и исто така Уртекрам Но перфуме купката и лосионот за бебиња. Поздрав.
     
    На Molly.dolly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Бл кремата е со цинк оксид.. не е за секој ден, туку да третира црвенило.
    Друг пат кога ќе има црвенило премини на памук, а не пелена. Тетра пелена ставај под пелената или купи си такви пелени. Така најубаво е за газето.
    Ќе ставаат што ќе дадат спонзорите :)
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Можеби не викам не али сепак се држам до тоа дека 100%природно никаде нема по аптеки и продавници:)
     
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Земав такви пеленки него му се оправи само со павловичева за 24ч.
    Сега приметив дека од влажни му се прави.
    Користам туфери или го миеме ама некогаш кога е набрзина поминувам со влажни и одма гледам се вцрвенило.
    Веледата е со цинк ама него не му помага не знам зошто еве 5 дена мачкам црвенилово не се повлекува
    Земав на бејби лове ќе видам таа дали е подобра
    А каква витаминска користиш како бариера меѓу газе и пелена?
     
  17. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    3.952
    Пол:
    Женски
    На бејби лав е многу тешка и нас не ни помогна. Јас мачкав мустела 123, па бејби лав со цинк, па павловичева.. црвенилото помина кога престамав да го мачкам. Инаку секако не користам влажни туку туфери и миење газе. Кога се вцрвени еднаш (не знам од што искрено) ко што пишав горе мачкав, а помина кога престанав да мачкам и кожата си дишеше. И сега не мачкам ништо. Ептен ретко павловичева, најчесто пред спиење кога знам дека не можам да го мијам (за да не се расони), па да е доволно со туфер да го избришам.
    Треба да си дише кожата, ќе си помине само за 1 ден. Пробај така. Сепак многу креми ја презаситуваат и така нежната кожичка
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Мене ми помогна павловичева и затоа продолжива да ја користам
    Инаку исто правам туфери и миење. Мм го мие работи од дома така да скоро секогаш миеме.
    Прошли пат не знаеш кое плачење беше ради црвенилото жива се изедов
    Инаку и ја пробав мустела и не помогна.
    Малиот многу кака и баш црвенилото се појави кога 2 3 пати промашивме мачкање и ставав само веледа како секојдневна.
    Нема везе важно е да се држи под контрола инаку тоа беше ептен лошо :(:headbang:
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас бепантен користам. Користам и влажни. Не ми е секогаш практично туфери да користам. Навечер на мрсно газе лесно ми е со суво памукче да ја средам.
    Не гледам на влажните како на државен непријател.
     
    На eta и dunika им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Влажните ми се најпрактични ама еве кога почнав пак да користам се вцрвени претпоставувам од нив е нема друго што.
    Нека е он добар другово лесно...