Каква крема за лице да земам, на синко лицето цело му се исфрла со едни ептен ситни црвени акнички. Не знам од што, претходно го мачкав со бекутан ама не верувам да е од тоа бидејќи дури сега му излегоа, се мислам дека е мм што го бацуваше на лице и од брадата негова му се иритира лиценцето. Сега ми е страв да пробам пак бекутан да ставам да не е од него па полошо да му направам.
Милки кои влажни ги зимаш? Јас на виолета 99% вода и не сме имале проблем а повеќе тоа користам од туфери
Пробај ги Слипи од Зегин, со дестилирана вода се и од органски памук, без парфем (Виолета имаат). Околу 45 денари се 40 марамчиња.
Јас ги користам бекутан со камилица и му се зацрвенува газето, а од виолета со 99% вода ништо не му беше @Milkiway дефинитивно треба да ги пробаш
Бејби лов со вода морисаат грдо а добри се, малку тешко се вадат. Хип се добри ама тенки и суви. Памперс сензитив добри ама скапи. Виолета исто супер, откако е роден ги користам. Ова сите 99% вода. Од други знае да му се вцрви газето од едно бришење.
Памперс и бејби лове го вцрвенуваат затоа бришев со туфери Ама неисплатливи се ДМ ги продава 115 ден, во една германија се 1,5 еур Се надевам виолета нема да го вцрвенува. Сама не можам над лабаво да го мијам. Не знам вашиве ама малово главчето веќе го држи нема ни 2мес и многу се крева се дига се ми е страв кога го држам така на стомак над лабаво дека ќе ми се преврти и сега само мм го мие Абе ја си се расприкажав ама нема везе
Имаш среќа мт чим го мие. Мојот пробува да се извади како да ја наместел под мијалник едно др, па претежно јас си ја мијам сама. ја фаќам убаво со десна рака под мишка ја навалувам на рака и со левата ја мијам, и одма у пешкир. Си ја набилдав раката Али обавезно еднаш дневно миење и плус кога е какана, а у меѓувреме со туфери и немаме проблеми. Влажни само кога сме искочени и да ги забришам гомцата пред миење
Исто за синко кога беше мал со Бекутанов и сега не ми ни текнува за второто. Дури еднаш на синко, 5г беше викам бекутан парфемче му купив и среќа што му прскав од далеку на облека.. Многу ми се свиѓа мирисот на чисто, пробав кај мене на врат кога ме утепа од пржење и си викам батали не е за дете ова ич
Бањањето и миење газе остаено му е на мм Он е похрабар со бебево јас од старт паничам а сега па дека мрда и веќе е 5кг нема шанси да го додржам Зависи ја сите што ги знам околу мажите ги бањаат бебињата па некако од старт се знае дека он ќе го бања и дека он ќе си влегува на вакцини да си го држи
кога велите туфери, мислите на оние памучните што се за лице/вадење шминка само поголема димензија или?
Мене си нашла да ми збориш за страв, со месеци бабите го бањаа синко. Почнавме со маж ми затоа што тие не можеа. После какање мачкај со веледа со цинк, јас така правев.