Исто купив на веледа ама ете може не му прија, сеа го бањам само со чиста вода и од биодерма лосион го мачкам толку
Кој еуцерин сапун го земате за бебе? Сакам да земам за да имам ете ке отидеме кај бабите па да има газе да се измие ако е какано бебето, да не носам купка.
На моево бебе на обравчиња ,веќе 1 до 2 седмици, има црвенило. Ајде не ја бакнуваме , ајде од студот . Кога излегуваме ја мачкам со еуцеринот млеко за тело . Денес купив на Веледа од невен, како да уште повеќе се изиритира воспаленото црвенило. Што да превземам ,некое искуство ?
Крема за надвор на студено јас земав на бејбилов не се прави веќе црвено Веледата не ни помогна Биодерма Атопик го оправи. Ама не му менувај веќе креми самп за ладно време земи си и остави го само со веледата и ќе се повлече
И на моето му се појави на едниот образ и малце на брадата не го изнесувам надвор домче си е претежно т.е. ова и дома ни се случи кога беше свртен на стомак и од што бљуцнал си се шлакнал во тоа и како изиритирано и рапаво му е. Му ставам мустела стелатопија малце од малце се повлекува ама споро оди. Некој друг дали имал проблем пример кога ќе бљуцне бебе и со образи ќе се допре му се зацрвенува местото дали е можно јака желудечна киселина да има и од тоа да е ?
Еве и ние неколку дена мачиме со исфрлени црвени точки денес веќе беше аларматно на едниот образ и се јавив на педијатарот од Систина ми рече цицабио крем на биодерма, одма го купивме се намачкавме двапати денес, црвенилото се смири одма утре ќе видам дали се повлекуваат па ќе пишам. Ваљда ќе биде добра
Веледа зеде обичен крем или тој специјалниот за студ? Обичниот за надвор не му помага ни на моево, но тој што е за студ баш го штити кога сме надвор, а богами го вадам на саглам студ. За дома го мачкам со лосионот на Еуцерин - Атопи контрол.
Овој го зедов. Со невен за црвенилото.Во Еурофарм и овој го немаше , го порачуваа . Така да незнам кој други постојат. Ти користиш на веледа? Ако го имаш тој за сту те молам сликни ми го.
50мл е мојов. А велиш задоволна си од овој за студ? Да го купам и него . Страв ми е да мешам ,само да и размине црвенилото . Па ќе превземам и за зимата , и така тек сега застудува .
Тој од 50 мл е друг, овој е помрсен што е 30 мл. На моето ептен му е погоден, не му се зацрвенува лицето, а надвор го шетав на 2-3 степени. Мачкам околу 20 минути пред да излеземе и упиен му е додека излеземе. Само не можам да гарантирам дека и на твоето ќе му се погоди, нели тоа не се знае, сепак различна кожа.
Инфо некое дали има нешто на попуст ненкаде од типот на веледа, еуцерин, мустела, биодерма....Упорно порбувам да наметнам бекутан, ама џабе, не прија на кожата на помалото дете некако и ја суши кожичката....Somebody?
Ако бараш поевтино а квалитетно во ДМ сите креми на бејби лове се многу убави јас таа за студено време за сега ја користам и за пеленска регија ептен сум задоволна