Батали бекутан , земи си некоја од маслените на овие погоре ,јас користам на уријаж маслена за големава,многу сум задоволна,а бебе засега го бањам со сапун Еуцерин па планирам и нејзе да продолжам со маслена. Во Ани фарм во Капитол често имаат попуст на некоја од тие колекции.
Фала ви на сите, во Анни фарм во капитол уште денес имаат попуст на мустела. ЌЕ ја земам таа Лосион за тело збогатен со Cold крем. Се исплати, редовна цена е околу 620,00 а таму уште денес е 470,00.
Со какви кремчина за лице ги мачкате вашите дечина за во ладно време, многу му се суви обравчината од ладниот воздух надвор
Мачкам биодерма атодерм и веледа. А за надвор когс шетате има посебни креми за заштита од студ на врледс мудтела бејбилове и сл.
Ако е новороденче подобро остави сами да се исушат,да дише кожата,нормална појава се,не бараат третман посебен
Кај нас почнаа ептен да се размножуваат катастрофа му стана лицето како резултат на сува кожа и само од биодерма за лице почнаа да се повлекуваат
Убаво ти пиша Дуника особено ако е новороденче. Редовна појава кај скоро сите бебиња, се чистат од хормоните на мајката. Ќе поминат секако за 2-3 недели без разлика дали ќе мачкаш нешто или не. Можно е градите да потечат од истата причина (делот кај брадавиците), на ова треба да внимаваш да не го притискаш таму и ако не поминат заедно со лицето да го однесеш на педијатар.
Само што бев во дм ја барав кремата свртев на мкд да видам што пишува и не ја земав а ја барав за студ ахх
Детево го мачкам со Веледа за заштита од студ скоро секое утро пред да го носам во градинка. Денес кога го земав му беа суви обравчињата, иако одиме со кола и надвор е 5мин севкупно,а и утрово не беше многу ладно. Дали не му одговара кремата, дали му е од храна или можеби од влажни марамици ако ги бришат? Јас на прсти можам да избројам откако е роден колку пати е избришан на лице со влажни...иако користам Виолета влажни со вода... Која друга крема за лице би ми ја препорачале?
Јас вчера ја земав од дм на бејбилов за заштита од студ со пантенол е и убава е мекички му се обравчињата. А иначе од влажните е црвенилото зошто кога му давам да јаде дури и во носот внатре има од кашите и го бришам со виолета 99% вода ама му се зацрвенија ептен и престанав со биодерма атопик му се средуваат од неколку мачкања но и од лигите му се зарценуваат или ако поврати малце па да му остане од ова корки имаше на образите
Здраво мајки. Дали има некоја мајка породена во Ремедика? Не можам да се сетам со што го мачкаа бебе после бањање. Знам го бањаа со еуцерин, а после тоа не се сеќавам што беше а мирисаше прекрасно. Не е Mustela ни Eucerin, нив ги пробавме ама не е тој мирисот. Дали знаете која друга козметика ја користат таму?
Кога бев на обука пред заминување, видов дека го бањаат со Еуцерин, а и го мачкаа со Еуцерин после бањање.
Фала.. Изгледа не беше за нас Еуцерин. Го имам млекото ама не е тој мирисот. Ова како и да не мириса воопшто...
Како да видов бекутан изложено дека со тоа го мачкаат ама сега низ магла ми е со еуцерин го бањаа и баш гледав околу лабавото што има се мислам го видов