Иста ситуација со гушичката. Пробав и јас некои креми ама како што викаш се собираше прљавштина само... Почнав повеќе внимание да му обрнувам на тоа место при бањање, исто и при бришење. За брзо се среди и пак се нема појавено..
Мајки, помош малку, на малиот мој на двете обравчиња му се појави како црвенило, како лишај, рапаво е, не сфаќам од што е, дали од ракавчињата, многу си го трие лицето, дали од тетрата(на јастукот му ставам тетра), дали од брадата на маж ми. Го поминувам со камилица, ама ништо. Да купам некоја крема, амане е ли мал за креми, 3 месеци има?
Истиот проблем го имаме и ние мојата е 2 месеци и 3дена јас ја премачкувам со еозин течност оставам околу 1 сат да постои потоа и го мијам лиценцето и го премачкувам со јекодерм ма да не се има изгубено скрос. Е сега и земав една од дм крема со невен за сензитивна кожа па ќе пробам и со нејзе да видам.
Не мора пудра, само после бањање убаво бриши ги свивките да бидат суви. Секој ден бриши ги со мека сува крпа. Ако веќе користиш пудра, биди внимателна, да не ја вдишува бебето.
Не пече. Бебка моја редовно се шлака во кадичката, на очи, во уста пика, па и си пие од водичката штом не реагира, значи не
Што пари е? Иначе мајки, бебко редовно си ги става рацете во уста кога ги бањаме, или мачкаме со крем, користам Веледа, ваљда тоа не би предизвикало проблем?
И моето на почетокот си ги цицаше прстињата при бањање кога ќе ја посипевме со вода и така се смируваше од плачење. Немам приметено да и направи проблем.
Лелеее значи овие тука абер немаат Им кажувам за бебе, упорно за сува кожа ми нудат Добро е што стави слика
Оли може и таа горната за бебе само што е погуста,без мирис и за многу сува и чувствителна кожа,а оваа со плаво е баш бебешка и многу убаво мириса.Ако немате проблем со кожата земи ја таа од секси што ја стави
Дали купката на Еуцерин (цевената, маслената линија за сува кожа) може да се користи за бебе? Ми ја препорачаа за сува кожа на бебе, а нечитам да пишува дека е за бебе. Дали непече на очи? Ја користел ли некој? Или препорачајте друга купка за сува кожа од којашто сте задоволни
Прашањево тука ќе го поставам: на ќере мое(2 год) кога трча изгледа и се тријат ноџињата од внатрешната страна на бутчињата и многупати се зацрвенуваат.Се жали дека ја чеше и пече кога ја бањам.Што да мачкам или како да го спречам ова?
Што користете за заштита од сонце? Ама да се размачкува лесно зашо мојов вришти кога го мачкам на лице крема
Докторката ми рече само бебшка пудра за ова, така да би требало да ти помогне. Ништо мачкање ми вика само бебешка пудра.