Бебе е 2+ и ми е буце, на ноџињата си има свивки и стално и се црвени. Мачкам павловичева оригинал, али нема фајде. Што можам да ставам друго?
Не мачкајте мрсно, свивките треба да се одржуваат суви, со маснотијата уште повеќе нечистотија се собира, се поти и се воспалува местото. Секој ден со мокра чиста крпа бришете ги, после со суво. И не мачкајте ништо.
Мајки, може ли оваа крема за лицето на 3 месечно бебе,му се појавија како лишаи со црвенило, немам пари за блу кап 850 ден, и ја зедов оваа од 100 ден,не се разбирам од кортико што е тоа, Оваа има ли?Еве ја кремата и еве го црвенилото.
АКо е со кортико не би ти препорачала да ја ставиш на бебе. Подобро побарај некоја друга поевтина детска крема.
Нема мама. Ова е обичен вазелин збогатен со невен и пантенол. Слободно мачкај на бебуш. На баба ми и се појави егзема на рацете и само од ова и помина. Мене многу ми помага исто сега пошо од ова средствата за дезинфекција ептен ми пукаат рацете. Безбедна е немај гајле
@Krofna* јас ова го земав сега https://www.bellina.mk/p/884/sensit...ashtita-od-sontse-so-spf50-100-ml?category=99 Биодевојка го фалеше и гледам брзо се впива Лани ова го користевме и исто беше супер
Вазелин не е нешто саглам, особено за бебешка кожа. @Anilove Консултација со доктор за ова на обравчето, од нешто друго можеби му се појавува, можеби е реакција од нешто што треба поинаку да се третира. На моето вака му се појавуваше од одреден вид храна. Вазелин не би мачкала, лош состав има.
Пред една недела бевме на контрола кај Симонида бебето ми е ептен бело мислиш проѕирно ми рече надвор искачање без заштитна крема никако ние сме 4++
Веќе планирам да купам, сакам да пробам од таа @koritsaki што ја стави од Белина или од Веледа. Бел е малиов ептен, педијатарот ми рече да мачкам ако излегуваме на сонце.
Рече на природна база по мој избор Вчера покриен со кровче од количка со прекривка со тетра дека спиеше образине црвени жар изгоре немам уште ништо купено Погоре @koritsaki предложи
Оваа на Лавера е со физички филтри , убав е составот. Другава што ја ставив од Ла рош не е, има хемиски филтри.И ќерка ми е многу бела , мора да ги мачкаме
Моево не е бело, потемен тен има како мене ама пак штетно е сонцето, мора некоја заштита. Еве претходните денови не се прибравме дома, не му ставав ништо ама мислам дека требаше.