Еуцерин атопи му помогна на моето, му се појави на образот близу до устата кога почна да става играчки во уста. Многу е лесна, хидратантна и не му се појави веќе.
Можеби имаш пишано, да не барам назад. Биодерма Атодерм интензив имаш пробано? На обравчињата сами од себе му поминаа сувите кругчиња, но потоа на рамениците му се појавија, кои само со ова поминаа. На кој дел од лицето му е? Можеби повеќе се влажни тоа место од лигавење и пак му се суши.
Тоа користиме сега, он има секаде но со бидермата на нозе и грб му се смирија на рацето барем не се воспалува а на лицето и вратчето никако да се оправиме пошто многу се лигави, на пола саат лигавки менувам затоа веќе незнам што да пробам моментално користам еуцерин маслена за бањање и биодерма ама не поминува целосно
Здраво. Сакам да почнам со купување на козметика. На мустела гелот за капење пишување дека е за коса и тело. Дали има потреба да купам дополнително шампон или може да го користам како шампон? Одсвен овој гел планирам да купам крем за лице, заштитен витамински крем за пеленска регија и млеко за тело. Дали треба уште нешто да купам од козметика за новороденче?
Со ова го бањав и на тело и на коса,но околу 3тиот месец му се појавија лишаи и сменив со Еуцерин пх5 црвена линија лосион и маслена купка. Од истово може да се става и на лицето,наместо крема за лице. Јас крема за лице тек сега на година ипол му купив од Бејбилав. Шампон почнав да користам Бејбилав после година. За пеленска регија користам павловичева, но имаш заштитни кремови и на Бејбилав, Веледа,Мустела... Ќе ти биде потребен и крем со цинк оксид за црвенило во пеленска регија, јас користам Судокрем.
Препорака од мене е да земеш веледа козметика. Органска и презадоволна сум. Имаш куфери (најчесто ги има на акција, ако не ке мораш одделно) за почеток, гел за бањање, крема за лице тело и крема со цинк, околу 1100 денари. Плус павловиќева за пеленска регија коростев.
За црвенило и иритација на пеленска регија до сега најдобро се покажа Флогоцид кремот. За све останато кориатам Хипп (купка и млечен лосион за тело). Павловичеви, Бекутани и сл. ништо не ни помогнале...
Почна сезона на комарци.Не знам за кое средство да се одлучам.Досега имав Мапез ама сега сакам нешто појако, дека веќе има 2 и пол годинки малата и постојано сме во природа.Ми е страв и од крлежи.Од кое сте најзадоволни,некој предлог или искуство ако може?
На таа возраст можеш да почнеш и со Аутан Јуниор. Лани јас спрејчето го користев. Океј е. И за мене и за него. или Бекутан
Во аптека барав крема за сончање за децата. Ми понудија Уриаж и го земав. Од после гледам не е назначено дека е баш за деца. Да го користам за нив или не? Важно ги плеснав парите брзински.