Мамс ми излезе случајно кремава и би сакала да прашам дали некој ја користел дали е добра? Брендот не ми е познат. Беба 4 месеци скоро ќе е знам дека нњли после 6 месеци се мачкаат ама моево дете во количка на сенка во 18:30 црвена ми се направи од сонцето. Не сум баш паметна што да правам, страв ми е да излезам
Бебе има 2 месеци, имаше пеленска регија али му помина, само има како лузничка од раната црвено. Ни препорачаа бекутан со цинк оксид, е сега дали е штетно да си продолжам со таа да ја користам, или да си се вратам на павловичева. Дополнително што крема би ми препорачале за заштита од сонце за лиценцето.
Ми треба помош, сѐ се изначитав во групава, многу брендови различни искуства.. Се мислам помеѓу козметиката на Веледа, Мустела и Уриаж. За Веледа знам дека е органска и таа ми е некако на врвот, но сепак сакам и туѓи мислења и совети да прочитам. Што предлагате? За почеток сакам само некое гелче за бањање и млеко или масло за тело. Како мајка за прв пат многу сум неодлучна и ми треба помош хахаха
Јас користам Мустела од старт. Ставав Веледа за лице едно време, и Уриаж. Уриаж као по ок беше. Ама тоа и од бебе си зависи. Сега сум у план да дотрошам се Мустела па да пробам Бејбилав. Проблемот е што се е скапичко а немаш како пред време да знаеш што ќе му прија на бебе. Едино тестери да успееш да набавиш за првите денови и пример ако се покаже ок Веледа, после да си земеш поголеми милилитражи. Инаку да, гелче за бањање, млеко за после бањање, и за пеленска регија нешто.
Фала многу за споделеното Ја видов и оваа комбинација, дали е во ред за почеток? Прочитав дека е баш за сензитивна кожа. https://www.annifarm.com.mk/product/uriage-сет-baby-cleansing-oil-500ml-балзам-200ml/
@marta993 јас почнав со еуцерин.. Па со веледа а сега од белина имам порачано за тело и за коса од little siberica. https://www.bellina.mk/c/17/telo
Па јас Уриаж ги знам како најдобри за ептеен сензитивна кожа ама јас никад не сум имала проблем, ниту пак бебево, па освен крема за лице и колд крема, друго не сум имала потреба да купам.
Што и да одбереш нема да згрешиш,сите се добри.Мене уриажот ми е многу убава, моментално користам шампон уриаж,гел за миење имав добиено на Мустела на подарок,го потрошив и сега го користам на Бејбилав исто многу ми се свиѓа,а лосион за тело на почеток Уриаж имав за другото дете што го користев и бебе мачкав со него ,а сега купив на Хип лосион,крема за пеленска регија имам на Веледа.Сите работи ми се различни, зависи каква кожа ќе ти се погоди на бебе, мојава има многу убава кожа.За првата ќерка користев Еуцерин, тогаш беше најпрепорачувана, после се префрлив на Хип исто многу добра им е козметиката ,а со солидни цени.
Јас почнав со хип, видовме не одоговараа па еуцерин и на крај зошто имаше атопичен дерматит сменивме со биодерма. Така да се зависи од бебто и од типот на кожа што ќе го има.
Мустела и Еуцерин остави ги, не ти требаат од почеток, сепак е медицинска, наменска козметика. Подобро земи некоја поприродна, немедицинска козметика, моја препорака се Логона или Веледа. Ама секако не ти треба многу на почеток, понатаму ќе процениш.
Јас го имам куферчето со трите производи на Веледа, гел/шампон, крема за лице и крема за пеленска регија. 3 месеци има бебе, мислам уште 3 сигурно ќе ги користам. Споро се трошат. Вака задоволна сум за новороденче, бебе има нормална кожа. Можеби во зима ќе сменам мустела за поголема хидратација, ама можеби. Има време до тогаш. Тоа куферчето на Веледа ептен се исплати околу 1000 денари беше.
Може ли инфо каде можам да го најдам куферчето? Од Анифарм најдов еден сет со два производи, тој го планирав. Доколку можам да го најдам куферчето, тоа би го земала Фала !
А дали Веледа би одговарала доколку бебе има осетлива кожа? Оти имам читано дека природнава козметика и не прија баш на таква кожа. Не би да купувам и да ми стои цела колекција (и така од мене имам еден тон фрлено).