Здраво да прашам ние сне 7++ месеци и до сега користевме козметика на хип за капење од кога е родена,но пред некое време му се направи на двете рачиња кај лактите како лишајчиња мачкав крема и и се смири незнам дали премногу и ја суши кожата хип иначе нема проблематична кожа прв пат оваа сега. Па сакав да сменам козметика ми треба ко купка и шампонче заедно се мислам за мустела или еуцерин,од која сте вие задоволни и слика ако може пуштете како изгледа И дали клавате крем со фактор и од кој сте задовилни?
https://www.annifarm.com.mk/product/mustela-нежен-гел-за-капење/ Ова го користам од почеток, бебе е 5++, уште го немам дотрошено. Задоволна сум. Е сега моето бебе има малку сувкаста кожа природно па плус отпосле мачкам со хидра. лосион.
Дали некој користи од козметиката на Chicco за капење заборавив да прашам оти и нив ми ги пофалија,дали има некој искуство ?
Дали некој има искуство со Лавера козметика за бебе? Вака на нет има убави рецензии, а и составот далеку повеќе ми се допаѓа отколку на Веледа.
Не сум користела ама имам прочитано дека има шампонче од Мустела за теменица. Може некој ќе ти пише искуство, ако не побарај на лупата искуства. Плус сега е на 30% попуст во Зегин колекцијата на Мустела
Јас земав на чико ролонче ,тоа е од 2+ како што читав безбедно било,е сега колку ќе биде ефикасно не знам,до сега само 2 пати и ставав.
Јас, за децава користам на Лавера, иако се големи. Малово беше атопичар, има посува кожа сега, и уште користам беби козметика. Логона порано, сега на Натура Сиберика и на Лавера. Му одговара козметиката на Лавера многу повеќе отколку на Натура Сиберика.