Фала ти за споделеново мислење, јас искрено се мислев помеѓу Лавера и Уртекрам без парфем линијата. Ама ќе земам Лавера највероватно .
Од Уртекрам ги користев шампонот и гелот за туширање со невен, за поголемиот. Добри се, немаат мирис некој посебен, ама косата е чиста со едно измивање и гелот не ја суши кожата.
Мустела пена против теменица користев. За брзо време се среди. Околу 500 денари е редовна цена мислам.
Се мачка ли на лицето бебе со крем? И ако да, дали посебен крем или лосион за тело ? Користам козметика се од мустела.
мене педијатарот од систина ми рече може и со лосионот за тело, ама сепак си зедов посебна крема за лице. веледа користам.
Јас ја користев,но после 2,3м му се појавија лишаи по нозете и педијатарот ми рече да сменам козметика. Инаку убава е ,има убав нежен мирис, но ако бебето има посува кожа препорачуваат маслена купка. Имаш од еуцерин,уриаж,биодерма..
Многу му е сува кожата на бебе дали да користам маслена купка ? По можност да ми препорачате затоа што јас не знам која.
@Trpkovska за теменица јас ставав обично уље, на Бекутан. Едно 15 мин пред да го бањам, го чешлав, му ставав уље, и го бањам за 15 мин, го тријам со шампонче нежно секако, и со пешкир пак убаво го триев, после пак со четка земав и го чистев, за една недела немаше веќе, ама вака секој ден правев.