Жени што е па ова сега? Читам погоре за теменица, ова ли е тоа? И што да земам сега масло ли, кое? Како да третирам? Дури попортокалово во живо е, ептен грдо изгледа…
@kukla21 ај помош кукле оваа малата крема може за секојдневна употреба, а големата при црвенило така?
Шо користите за пеленска регија? Јас до сега само оргинал павловичева и супер и е газето. Не знам дали да експериментирам со друго или да си терам
Јас на почеток купив бекутан витаминска ама не и одговараше и земав оргинал павловичева и неа ќе ја користиме, нема менување
Моето па многу се црвенеше од павловичева и имам читано по форумов дека нема добар состав. Јас користам од бејбилав, супер се. На жешково по совет од Анах што го напиша некоја страна поназад, не мачкам цело време и супер е. Гледам да го мијам после секое какање и да биди суво цело време.
Дури бевме со пелени, до скоро, само по потреба ако ептен го печеше синко газето мачкав на Фрези Дерм за пеленска регија. Инаку постојано не мачкај доколу нема потреба.
Да, теменица е. Намачкај со масло, може бебешко, а може и природно некое пр.кокосово, маслиново има и посебни масла за теменица ама се што е мрсно врши работа. Нека отстои саат време и потоа со четкичка бебешка четкаш и чешлаш со чешел. После бањаш бебе па може и пак со чешелот да поминеш за време на бањањето. Кај мене имаше првото и со два третмана и се исчисти, а плус имаше доста коса што го отежнува процесот. Штом и годи нема зошто да менуваш. Јас со првото дете имав проблем со црвенило и од павловичева уште толку се влоши. После почнав со креми со цинк и пудра и се реши проблемот. Сега со ова пак почнав со павловичева и до сега е ок, ама ставам еднаш или двапати дневно, не на секоја пелена.
Мене лично Еуцерин поубаво ми мириса од Мустела. Еуцерин го користам скоро 2 месеци и сум презадоволна и од маслената купка и од лосионот.
Драга не е баш најприродно ама не можам да кажам ни дека е лошо. За која намена сакаш да го користиш? Колку месеци/години е детето? Поздрав.