Не ти треба воопшто ништо за мачкање на газето. За споредба, две деца пораснав, првото постојано го мачкав, второто ич. Првото имаше почесто проблеми со пеленски осип за разлика од второто кое беше со атопичен дерматит. За козметиката на Уртекрам потврдувам дека е одлична, јас сум презадоволна. За оризов скроб може да го измелиш оризот во машинка за кафе и да го просееш на ситно, ќе ти заврши работа.
Јас мачкам само ако се вцрвени што до сега било само 2-3 пати. Не мачкам на секое сменување на пелена, нема потреба. Го мијам после какање обавезно а мочано бришам со туфери и вода.
Драга за газе ако е црвено иритирано секако земи го Веледа со цинк. Инаку не се мачи да бараш скроб (го има во супермеркети) земи шака ориз стави ја во газа од аптека и директно во кадичката со вода. Бадемово масло е ок, ама над 3 месец, по бањање.
При крај ми е Еуцерин маслената купка, сакам да сменам, што препорачувате? Вие еве што користите и како се движат цените да си споредам и спремна да одам во аптека
Задоволна сум, едно шишенце 7 мес може да го користиш, маслено е не треба ништо плус да ставаш. Да, и за сува е погодно, мада мислам црвенава линија на Еуцерин е за сите типови кожа. 730 ден во Зегин е, но знаат од време на време да се со 30%. Ти какво користиш? Од Frezyderm не знам какво е, се мислам дали да купам такво
Јас до сега со бекутан ама сува и е кожичката и сега ќе сменам, чекам да се консултирам со педијатарот да ја види па да земам.
Јас го мачкам биодерма, ама затоа што има атопичен дерматит. Пред да се појави не мачкав со ништо. Ама ако веќе сакаш да мачкаш нјдобро е некоја природна козметик како веледа аако има нормална кожа.
Super.. Veke imam zemeno maslo od neven na veleda, samo se dvoumev dali da mackam uste sega deka e 1 mesec
Не го мачкав со ништо, освен ако имаше некое црвенило. Сега имаше малце груба кожа на ногата и мачкав. Иначе го бањам, бришам и облекувам.