На ГАК дефинитивно не ги бањаат. Само ги забришуваат, син ми го донесов дома со крв на главата закоравена од породувањето. Ми го избања во соба сестрата да ми покаже како се бања, не дека не знаев, ама тоа и е работа. Ама главчето не му го миеше. На почетокот ја користевме Corinne de Farme, после Бекутан, едно време и Johnson's земав, ама кога прочитав дека се штетни ги фрлив така. Сега ја користиме козметиката на Baby Love од ДМ. Супер е, не пени многу, ама добра е, врши работа за секојдневно бањање. А како мириса.... ммммммм
За бањање со масленото средство на бекутан јас имам многу лошо искуство, не знам дали така се погодија работите може е случајност ,меѓутоа откако почнавме со него ни се појави лупење на кожата што беше многу чудно бидејќи средството е маслено , сега користиме еуцерин маслена купка , а откако почнаа горештините не ја мачакам со млеко, на газе ставам павловичева на бекутан сега за сега ама ќе си се вратам на фитофарм на лице не ставам ништо . До пред 1 месец користевме млеко нивеа нутри сенс за мачкање и а - дерма повремено иако проблемот ни се среди, а првите 40 дена ја бањав со еуцерин сапунче и со ништо не мачкав
Мајчиња, ќе ве молам да пише некоја од вас ако знае каде има Докторс детска козметика (поточно новиот плав шампон/купка и истата таква крема), зошто не можам да најдам ни во Веро, ни во Рамстор, ниту во било кое друго продавниче.. Не можам дури ни слика да најдам
Девојченца дали некоја од вас користела креми и купки на chicco, дали се ок? Каде ги има најмногу избор ако знаете да ми кажете? данке
јас пред некој ден тргнав да купам чико и кога ги помирисав некако чудно ми мирисаа и си земав саносан. ги има во тинекс, космо
Ние од старт сме на Чико 0+ купка и шампонче - No tears и задоволна сум. Е сега не мириса бог знае како, ама и онака факт се што мириса добро е хемикалија +. Можеш да ги купиш секаде, Тинекс, Веро, Рамстор, Енци Менци ....
А СП маркет? Таму и во Веро имаа се и свашта на Докторс. Можеби баш таму ќе најдеш, ако немаш некој во близина, јас имам пред зграда, можам да проверам ако сакаш.
Докторс видов во Зегин Буњаковец. А имаат посебна детска линија? Добра е? Јас сега земав бекутан маслена купка, ама таа не е за коса, само за тело е. Треба да побарам нешто убаво за коса. И јас почнав да си го користам Бекутанчево и супер ми е на моја кожа, не мора да се мачкам со крема после бањање.
Мене многу ми одговараат, а и на ќерка ми гледам. Преубаво мириса, и бааѓи чисти се во состав, затоа и ги барам арантаран низ Скопје
Не сум сигурна ама во некој супермаркети што разгледував во делот за бебешка козмети многу чудно ми мирисаат одредени производи, како да се расипани. Пазете си од кај си купувате мислам дека од неубаво чување се расипуваат.
Зависи од козметиката. Во принцип, бебешката козметика не мириса којзнае колку убаво ако е правена без додатоци од типот на парфеми, етерични масла и слично. На пример, влажните марамици на Baby Love (DM), воопшто не мирисаат убаво, оние во плавото пакување мирисаат на вода, ама од нив сум најзадоволна. Исто и козметиката на Corinne de Farme не мириса нешто посебно убаво, колку што се сеќавам. Ама битно е без парабени и конзерванси.
Moira vidi vo Ramstor tamu ima poveke izbor,sto taka ti tekna da se prefrlis na doktors? Nemaat parabeni,boi ? Ili e nekoja organska linija nameneta za deca? Izvinete na fontot mob ne mi podrzuva latinica
Не се сеќавам на составот, стицаем околности го земав во Охрид, за неколку дена само ми требаше, и ептен ни одговараше и на мене и на ќерка ми. Кремите сигурно немаат ништо, само соодветни растителни масла, а шампонов ќе треба да го проверам, само да го најдам прво Јас тргнав од тоа дека кремите им се чисти, па без да видам го земав. Иначе нема ни во Рамсторе, ова е чудо невидено. Има некоја што живее во Лисиче во близина на ДОН маркет, за кога ќе оди, ако и` текни, да ѕирни дали има Докторс шампони за деца? Фала
Имам пишувано за на внука ми осетливата кожа, со се пробаа и пак се појавуваше дерматит. Посаледно пробаа со новиов лосион за бањање на Нивеа, нешто што треба да глуми регенератор за кожа, многу и прија, додуша за возрасни е ама како и помага тоа е чудо невидено, одма се смирува кожичката и нема потреба после од мачкање.