@pamelche Нема во куферчето млеко за тело, тоа се купува посебно. Јас куферчето еднаш го имам земено околу 1200 ден беше само заради таа кремата за лице сега за зима. Инаку, за новороденче според мене оваа кутија е одличен избор, не ти треба ништо повеќе. Препорачана цена 769ден.
Јас со оваа го мачкав по цело тело, воопшто не е густа и лесно се размачкува. Лосионот е редок и уште поспоро се троши, ама и оваа ке ти трае неколку месеци. Со оваа можеш и газе да мачкаш, не мора додатна крема да земаш. Потоа како трошиш ке си докупиш што ти треба, мене шампонот брзо ми се трошешеше ставав и во вода.
Еве две мислења кои ми останале во глава од Биодевојка, можете да си прочитате и да си донесете одлука.
Zdravo mamicki, dali nekoja majka koristi Weleda krema od Neven za lice, na kerka mi nekolku dena i e suvo, rapavo i crveno dolu kaj obrvcinjata. Pa sakam da probam so Weleda
Можеби е подобро да пробаш со зимскиот крем за лице на Веледа. Јас ги имам и зимскиот и обичниот крем за лице и можам да ти кажам дека зимското кремче е помрсно, веројатно и подобро ја хидрира кожата.
Мајки, некоја препорака за крем/млеко за тело и за лице кај 20 месечно детенце? Обравчињата му се суви, особено во близина кај устата. Деновиве заприметив и на некои места и мешето како посувко, досега не го мачкав со млеко за тело (освен како бебе со јекодерм). Некои препораки, сетови и сл? Гледам најмногу веледа ја фалите, не сум користела досега...На лице мачкам јекодерм...
Ако бараш органско земи си Веледа. Јас првиот пат зедов Хип, сега го зедов Веледа лосион за капење, истиот е и за тело и за коса. Е сега не знам како правите вие, јас на цело тело и ставам од лосионот за капење, само на лице никогаш не сум и ставила. За мачкање тело уште на болница педијатарот ми рече дека нема потреба, ама јас си ја мачкам понекогаш од мерак. За газето зедов Павловичева оригинал, ставам на секое менување на памперс. Ми имаше некој донесено некоја друга витаминска крема за газе, ама оваа оригиналната многу поубаво се впива.
Дали сте задоволни од Јекодерм кога мачкате на лице? Дали ја смирува кожата и ја прави мека и нежна? На ќерка ми исто и се суви обравчињата и црвени, може од што се лигави, 6 + е, матичната ми рече да ја мачкам со јекодерм. Ама исто ко и се вцрвени газето ми рече да мачкам со Јекодерм, па некако не ми оди и на газе и на лице со истата крема
Моментално му смирува и меко му е лицето. Задоволна сум општо од кремата, сега сакав нешто да сменам дека е малку поголем . Инаку од раѓање мачкав јекодерм на тело (на лице скоро никогаш со ништо, а во лето јекодермот лошо ми мириса), а и на тело ретко мачкам, немало така потреба и си викам да не го шлакам за џабе. Но периодов некако посуво му е кожичето. На газе никогаш не сум мачкала со јекодерм-само павловичева галафарм и маст за потпарено кога има потреба.
Јас од раѓање користам Еуцерин маслена купка за капење, и сум задоволна, и павловичева оригинал за газето. Со лосион или млеко не мачкам на тело, го прашав мојот дерматолог, рече нема потреба од хемии ако кожата е нормална. Е сега зедов цела колекција на Веледа, дека е органска, па планирам со неа да продолжам кога ќе ја дотршам Еуцерин. Обравчињата и се посуви на ќерка ми и црвени, ама не мачкам со ништо на лице, чекам да видам дали ќе и се смири. Ако не ќе и ставам Веледа од невен Дали некоја мајка користи Веледа од невен за лице за бебе 6 +и е задоволна?
Зошто на секое менување пелена? Мене доктор ми рече да мачкам само ако се појави црвенило, инаку нема потреба. Онака јас користам лосион од Биодерма, со тоа го масирам и мачкам на сувата кожа. Кај што нема проблем ништо не мачкам. А павловичева ставам на вратчето бидејќи му е црвено.
Toj бело со плаво така? За поголемиот ја користам таа комбинација, значи да си продолжам со истата и за бебето.
И моето од студот има мака, обравчињата се сушат и црвенеат. Јас мачкам само Павловичева на лицето. Ефектот не е ни лош, ни фамозен. А на телото сите суви дамки и цел атопичен дерматитис го решив со Avene Xera Calm A.D. Едно до две мачкања, наредниот ден ништо нема.
Јас имам го имам лосионот Еуцерин атопи контрол, и си велам таму каде што има посуви делови да мачкам со него. Инаку, нема црвенило, туку само лиценцето што му станува суво и некогаш гледам кај мешето