Мачкај тогаш земи од еуцеринот ако си тргнала со таа козметика, можеш и веледа по природна, а ако е ептен сува ама тоа педијатар ќе ти каже можеш и биодерма. И слободно по 2 пати мачкај ако има потреба. Маслената купка е ок.
Дали сте забележале дека маслената купка на еуцерин лути на очи? На бебето му влезе од пењата и му направи инфекција, цело око му се затвори. Ја пробав на мене, очите крвави ми ги направи, премногу пече.
И јас сменив од Мустела на Бејби Лав, ама ќерка ми како бебе имаше атопична кожа, гледам и сега изгледа од 2во1 бејби лав и се суши кожата, а на темето и се перута, преубаво мирисаат стварно, ама ќе си се вратам на Мустела. Ако сакаш ќе ти го дадам повеќе од пола шише е, да си пробаш ако сакаш
Се двоумам меѓу Веледа и Мустела. Што мислите? И кои производи се потребни? Сакам да земам шапон/лосин за капење, крема за пеленска регија и млеко/лосион за тело. Доволно е за почеток?
Земи си веледа. И баш тоа ти треба можеш и кремчето за лице евентуално. Еве мојава е три месеци од старт сме со веледа и до сега никаков проблем со кожичка не имала.
Имај си се тоа што рече ама јас од мое искуство би те советувала до 3 месеци барем ако нема некој проблем нормално да не ставаш лосион само за капење по некоја капка оти самата кожа му е толку нежна и се лупат уште на почеток немаш потреба пд ништо додатно.
Истото го размислував и јас, ќе земам секако од производите веројатно од Веледа па за употреба со тек на време ќе видам како ќе му биди кожичката.
Како сте задоволни од бејбилав линијата? Моментално еуцерин користам а само шампонче бејбилав па сакам да земам и купка и лосион бидејќи при крај ми се еуцеринот.
Мамички мене уште ми е рано за пораѓај ама еве полека полека да се спремам, односно да знам што треба да набавам за бебулето од козметика и што треба за во болница за бебулето да се носи од козметика, освен пелени и влажни дали Ви бараа некоја крема за бебулето или нешто друго од козметика дали ќе треба? ❤❤❤
Козметика за капење беше нивна, сапинче користеа минимално само, јас носев влажни, пелени и Павлодерм павловичева за газето. Тие не ми побараја ништо, бебето беше до мене и јас си се грижев за него во однос на преслекувањето.
Јас бев задоволна. Едно пет години ги користев без прекин, само не кога малово имаше дерматит. Инаку во глобала се ок и шампоните и геловите за туширање, и млеката.
Чико не сум користела ама мислам дека Чико и Биодерма не се во иста класа за споредба. Чико можда со Бејби Лав е во класа. И по цената се приметува. Ние користиме Биодерма, презадоволна сум.
Здраво мамички што мислите за маслената купка на Еуцерин? Споделете искуства исто ако некој има користено од Нивеа бебешка колекција 2 во 1 мислам е за тело и коса или сепак Еуцерин маслената ми е подобра опција?
Еуцерин маслена но ако има косичка бебето ќе му ја мрси. Јас плус сапун на еуцерин и шампон бебјбилав користам.
Od koe maslo za bebinja are zadovolni? Nie koristime Eucerin maslena kupka za kapenje ,sega treba da pravime masaza na bebe ,pa neznsm kakvo maslo da zemam.