Јас ја користам супер е. Оваа крема е хит на екс ју простори од Втора светска војна до денес. Мајка ми и мене и брат ми не мачкала со Павловочева. Нема утка. 10 генерацои деца се израснати со оваа крема.
На секое менување пелена мачкаш? И јас користам веледа ама искрено скапа ми е, 2 недели не ми издржа едно паковање.
Мене ми е кажано да мачкам само по потреба, ако има црвенило или осип. Матичниот ми рече да користам Судокрем, купив од големото паковче, еве го стои цело, 3 пати само му ставив, не е имало потреба за повеќе.
Мене па патронажната ми рече на секое менување да ставам и тоа по повеќе за да лизга, да не доаѓа урината во допир со кожата
Не мачкај ништо ако нема потреба. Мене на Веледа ми трае со месеци, мачкам само кога е зацрвенето. Едит: гледам те советувале да мачкаш на секоја пелена. Ако го правиш тоа мачкај со друго кремче, таа на Веледа содржи цинк за смирување на иритирана кожа.
Мајче многу бе Јас веледата за пеленска регија еве првата ја дотрошувам сега, наполни 4 месеци. Ја мачкам после бањање и сабајлечки еднаш. Една точка на прсте и мрсничака е секаде. Ти ептен не скромно си ја фатила работата Нема грешка како и да е ама пробај намали од неа. Ако и одговара така терај си со таа.
Не мора да мачкаш на секое менување пелена ако немате потреба. Јас ја користам Веледа и мачкам еднаш на ден после бањање во тенок слој. До сега сме немале проблеми. Во секој случај Веледата е подобра од таа која ја имаш постирано.
Јас не мачкам ништо. Имам Судокрем за секој случај ако се вцрвени знам дека добро делува, ама до сега во 3м немало потреба.
Јас од почеток го користам бејбилав, многу е нежен, пишува на пакувањето од глава до пети, со камилица е
Јас ја користам од раѓање оваа Го мачкам после бањање и денски после какање оти го мијам, едно пакување ми трае по месец ипол два
Јас од Бети аптека земав конкретно од Ани фарм во Капитол. Некако најмногу избор имаат, скоро секогаш.