Јас сеуште не сум породена но мајка ми ми купила шампонче на Џонсон зелено со камилица, а пак братучетка ми ми купи шампонче косили, е сега се мислам со што здравје да почнам кога ќе се роди, а за тело добив млеко за тело од бекутан и помада од бекутан со бадемче и сапунче мерима бело, кажете ми некоја дали ги има користено и дали да ги сменам или не..
Јас искрено од бекутан и косили ништо не би користела. Со хип е од прв ден и немало никаков проблем до сега. Џонсон мислам дека се ок
За на одмор ама и за изнесување надвор, прошетки и слично. Освен количката со СПФ што ќе ми биде, не можам да најдам бебешка облека или капче со таква заштита па сакам и да ја мачкам со нешто.
Подобро земи си Corine de farm од Зегин,големо пакување цена околу 210ден. Нежен мирис има и ја прави мазна кожата
Па за прошетки секако не е убаво да ја носиш на сонце, моето е летно бебе и сабајле и навечер шетавме. Прв пат заштита му ставив после година. За на одмор секако земи нешто, од тоа што ја читам Биодевојка препорачува секогаш првенствено Веледа, потоа екокозметикс и алверде.
И Џонсон не се добри за бебиња, имам читано дека пудрата за бебиња им содржи азбест, прогуглајте малку. За бебиња најдобро е органска козметика.
Дали го користел некој Uriage кремот за теменици, како го користевте? Вика да се остави преку ноќ и да се исплакне, да не ја мијам сабајлето, дали да го оставам цел ден до вечер за наредно бањање?
За бебе со сензитивна кожа нас педијатарката ни препорача Мустела 50+ за новороденчиња, ја има во аптекиве околу 450 ден е малото пакување само за лице, а околу 600 или 800 не се сеќавам, големото за лице и тело. Јас малото го земав, за да го пробам пошто сега за сега само на лице и рачиња мачкам, многу е лесно за размачкување и впивање, не е мрсно.
Ве молам препорачајте ми крема за лице за многу суви и црвени образи. Ја мачкам со Веледа white mallow лилавата линија но не помага. 16 месеци
Креми со фактор не се користат до година, нема потреба. Јас ни за двете деца не користев такви креми кога беа бебиња, а постојано бевме надвор. Само не на директно сонце и не во најжешкото. Иначе педијатар ми кажа дека до година нема потреба од креми со спф, особено па никако со хемиски филтри, меѓу другото и октокрилен кој има канцерогено дејство.
@Калатеа Јас ти ја препорачувам кремата на Лавера со 50 фактор или некоја од овие две Лаверата ја користев две години по ред на втората ќерка и супер беше. Овие од Леврана сега прв пат ги купив , вака многу ми се допаѓаат осврн на децава и за лице и за тело и на мене ќе си ги користам
Супер ми се покажа и мене и за мене и за дете. Иако има бел траг, многу брзо се впива и одлична е. Таман вака двајцата дека ја користиме, да може да се потроши во рок од 3 месеци
Кожен оваа ми ја препорача за бебе за лице Eucerin Aquaphor, не сум ја зела уште, сега мачкам со биодерма.
Оваа од Еуцерин ја имам, ја купив за мене дека и овде (под овде мислам на државата кај што живеам, не сум во мк) многу е фалена и препорачувана. Ја купив без да ги видам состојките, кога дојдов дома и видов парафин дека е прва состојка ја баталив, оваа не е за возрасен камоли за бебе/дете. Ја користам за раце навечер пред легнување.
Не сум анализирала , ма да тој течниот парафин се користи во козметика во мн креми и за бебиња го има. Ама ете јас ќе си седам на биодерма за сега, таа додуше е за атопична ама и за многу сува.