Земи пофина козметика, за почеток мустела, еуцерин, веледа…. Хипп ми донесоа подарок, ама му ја сушеше кожата. Бејби лов освен убавиот мирис исто, исто и бекутанот . Јас за првото памперс планирам и сега исто
Еуцерин за заштита од сонце од која возраст го користите? Дома кога стигнав видов дека е за над 3г @eli25 @emkaemka
И двете се добри и се 100 и нешто денари. Ако се одлучиш за Бејбилов земи сензитив или ултра сензитив. Пелени Памперс премиум.
И двете се поефтина варијанта, во главно се зависи од кожичката на бебенцето. Керќичката немаше специфична кожичка на почеток ја капев со Веледа и потоа продолжив со Бекутан и немаше никаков проблем. Синчето има мн понежна кожичка и посува па од почеток користам Еуцерин пх 5 маслена купка, ми се виде скапичка од првин меѓутоа со оглед на тоа шти еве ја користам 7 месеци не е воопшто скапа. Бекутанот ефтин е да меѓутоа трошиме едно шишенце на месец и пол па математиката горе долу иди исто ко Еуцеринот хехе. Поздрав и за која да се одлучиш се надевам ќе биде вистинскиот избор за бебето. Пелени користам Виолета за синчето и мн сум задоволна, за ќерката користев Слипи, пуфис и крајно Виолета.
Помеѓу Мустела и Веледа не можам да се одлучам.... Ако некој користел од двете, нека препорача што е подобар избор, иако секоја кожа е индивидуална...
Ако само овие две ти се опција, Веледа. Земи ја предвид и Логона, природна козметика, исто добра. Многу ми се најде кога малово имаше атопичен дерматит. Натура Сиберика има одлична бебешка линија, уште користам дел од производите иако моиве одамна не се бебиња. И Лавера има одличен избор за бебенца, нежна и природна козметика. Мустела, Еуцерин и слични јас лично не ги сакам, пред сѐ се полни со хемија, а спаѓаат во рангот на медицинска козметика. И се користат ако има потреба, ако не, реално не мора да се оптоварува бебешката кожа со таква тешка хемија. За да ги разгледаш производите на Логона, побарај logona_macedonia на инстаграм, Натура Сиберика и Лавера ги има во Белина. Со сите линии имам одлично искуство, не ме разочарале.
Гел за туширање и млеко за тело користев. Гелот е премрсен, дерматологот ми рече растворен во вода па така да го бањаме , ама сме го користеле и директ. Од се што користев, а верувај се пробав, од ова најхидрирана му беше кожата и брзо се смири
Што да користам за рапава кожа? Не е атопично, бар така не изгледа и не чеша, ама е рапавко. Ич не сакам непотребно шлакање со креми, ама изгледа ќе мора нешто. Што ќе препорачате? Можеби нешто доста хидратантно и по можност што поприродно.
Bioderma mackav. Mojata ima cat pat ko crveni krugovi rapavki znae okolu bradata da naprai. Od pusti strav da ne e atopicna ja zemav biodermata i so nekolki dena navecer mackanje i gi cisti pa teram so nea
Што мачкаше од биодерма? Крема некоја? Мојава нема црвенило, ниту кругови, туку кожата и е ко наежена…