Мустела не препорачуваат педијатри освен ако нема потреба од неа, дека углавном е за проблематична кожа. За малово користев Веледа од сам почеток и супер се покажа, ама му се појави дерматит и почнавме да ја користиме линијата на Биодерма за атопична кожа и од две мачкања и бањања му се среди.
За почеток земиси понежна и поприродна козметика. Веледа е супер, Логона, Алверде, Уртекрам, Хип, Литл Сиберика имаат понежни формули, ќе си видиш која ќе одговара на твојот буџет и на кожата на бебето. Понатака, ако има потреба ќе земеш од поагресивните кои што се наменети за третман на проблематична кожа. Ама тие се само за по потреба.
Исто и ние. Со Веледа почнавме но поради дерматит ќе земам биодерма. Што точно користиш од биодерма? Не знам кои производи да ги купам покрај маслената купка
Маслената купка Atoderm и гел-кремот Atoderm Intensive Baume (линк). Буквално од два пати мачкање ги снема лишаите и црвенилата. И кај вас од Веледа се појави? Откри од што се појави уствари? Ја мислев Бекутан детергентот е, па да не е од Persil Sensitive и веќе не знам пошто уште го користам Persil, а нема веќе црвенила детево. Е едино Веледата не ја користиме веќе (кремот за лице и тело од невен, сапунчето и шампон-гелот од невен ги користевме). Божем органска козметика
Не е од Веледата. На моето му се појавуват така ранички, т.е атопичен на периоди, знае да се повлече и да е чисто нелолку дена и после пак се појавува. Не е до козметиката. Пробавме и со биодерма, истите производи и вие што ги користите, немаше подобрување. Само кога почна да се ракрварува ставам афлодерм и одма минува.
Не откривме од што е. Веројатно од контакт на мојата кожа. Исто бекутан детергент, сменав на фрош и плавење по 2 3 пати. Од Веледа само гелот за капење уште го користам, кремот и маслото не. Од маслото му се појави црвенило на стомачето кога го масирав. Се разочарав, баш мислев од Веледа нема да имаме проблем со кожата. Ама бебенца се, многу нежни. Најважно е да се најди што им одговара.
Најдобро е природно, веледа ја спомнуваат многу, ама не сум користела, јас од старт биодерма ставам пошто е со сува и осетлива кожа. Мустела исто сум земала нкиј производ, ова фрезидермот многу извикан ми е во зегин и ме нервираат што само него го форсираат, инаку може да е ок и тој зависи за што.
Zdravo majki, Dali nekoja od vas koristi alverde kozmetika za bebinja i kako ste zadovolni? Dali moze da prikacite slika od zastitniot krem za pelenska regija? Vi blagodaram odnapred
Ова е заштитниот крем, добар е јас го користам. Другото е гел за туширање и шампон. Го зедов сега прв пат за на одмор зошто имам и поголема ќерка па да не влечкам сто козметики. Значи го користев за бебето, за ќерката и за мене за тело, коса и лице, за се . Со масло од бадем и невен е. Се изненадив колку ја остава кожата нежна и мека. Лицето никогаш толку помазно не ми било. Дефинитивно ќе продолжам да го користам за мене како гел за туширање.
https://www.zegin.com.mk/mk/mousticare-sprej-protiv-ubodi-od-insekti-so-zashtita-do-6-chasa-125-ml co oва
Биодерма од каде купувате? И совет за ептен сува, осетлива, оштетена кожа. Нека е и за атопична (ова е полошо и од тоа)
Bioderma Atoderm гел-кремот за тело и маслената купка ги земам од Зегин. На моето му беше толку сува кожата, стегната и црвена на свивките, личеше како да ќе пукне во секој момент. Башка лишаи му се појавија. Од 3 бањања со маслената и 1 мачкање со кремот му помина