Јас прво го земав Биодерма гелот, односно пената за бањање (белиот, не синиот) и лосионот, убави се ама кај нас не помогнаа, сега ја нарачав маслената купка и интензивниот балзам од Зегин, онлајн се на 25%, па ќе пишам утре како ќе биде. Кај нас е црвена и исфрлена кожата, не е толку сува на допир ама педијатарот рече дека е многу осетлива и атопична...
Во аптека не се на попуст? Ќе прашам пред да купам, ако не ќе ги порачам и јас онлајн. Секако ќе е маслената а за мачкање нешто најинтензивно барам
Не се, ама над 1000 секако е бесплатна доставата и многу брзо го доставуваат, имаш опција кога сакаш да одбереш Intensive Baume го нарачав јас Што е проблемот кај бебе?
Би требало да ти помогнат, јас ги користам за помалото он има дерматит и екстремно сува кожа. После првото бањање и мачкање лосион се подобри, а после недела дена скроз се изгуби и измазни кожата. Си продолжив да ги користам и веќе нема проблем не се повтори од тогаш.
Овие ги пробав мостри, преубаво мирисаат Дали ги има некоја користено да сподели дали одговара за сува кожа бидејќи во моментот и се лупи кожичката?
Оваа ли треба? Мојов нема јасна дијагноза, на почеток му се појавија нерамнини и као вид на невус(бемка) демек биле ама со текот на времето излегуваат нови. Различни периоди се со различна структура, некогаш само бел белег, некои се губат па се појавуваат, периодов ептен му се раширија и прв пат имаме страшен проблем со чешање, рани почна да си прави. Се случувало и претходно да му е суво или да му се перути некој период ама вака не било.
Кога се роди ќерка ми купив Мустела, ич не и се погоди. На главчето и се направи кора, а на телото на делови егзема. Од 2 мес сменив на Биодерма Атодерм Интенсив, маслена и лосион. Од тогаш ок и беше кожата, повремено знаеше некое крукче егзема да се појави. Пусти страв само со тоа ја баеав и мачкав. Сега е скоро 11 мес решив да пробам да сменам со нешто поекономично. Се решив за Хип. Да не ја подречам супер и се погодија. Супер се и купката и лосионот, на нив стои дека се погодни за кожа склона кон детматити. Кој има проблем со егземи топло ги препорачувам.
Тоа е, ама големото пакување од 500мл е поисплатливо, ама ако не земи го ова за проба. Тоа нели е псоријаза? На дерматолог што викаат? Знам за псоријаза и со масло мачкаат, кортико креми, креми со витамин Д, така нешто.
Јас бев скептик за Mousticare ама многу добар се покажа. Само на главата го имаа каснато кај што не го прснав. Гледам на облека повеќе да прскам ама буквално бегаа од него. Тука членки ми пишаа дека е 6+.
Не можам да кажам дека е лошо, иако мене лично не ми се допаѓа поради фактот што има толку многу поприродни производи и со подобар состав (зошто да се задоволиме со нешто помалку), а истовремено и поевтини од ова. Јас би ти препорачала ова од Уртекрам, за мене една од најдобрите линиии без мириси и со малку состојки, внимателно одбрани. https://www.bellina.mk/p/369/no-perfume-baby-antialergenski-losion-za-telo-za-bebinja-250-ml
Супер се за сува кожа,кај мене и двете имаат посува и од ураижот сум мнгоу задоволна,а мирисот е сон. Ја имам користено купката ,шампончето и кремче за лице и лосионот за тело.
Ние од почеток користеме бејбилав купка и еуцерим атопи контрол иако бебето немаше ништо по кожичката На 6 месеци му се појавија такви лишаи суви делови по грпчето и по мешето ама од еуцеринот не поминуваа, иако во аптека тоа ми го препорачуваа како најдобро Читав за веледа лосион за тело на нет и во консултација со педијатарот земав, за 2 дена му се повлече И од тогаш веледа користиме во комбинација со бејбилав купка Мислам дека е период некој или реакција па се појавува такво Мене ептен ми се свиѓа и како мириса и колку е мрсно
Риластил е нешто нај за сува кожа. Купката е премногу мрсна, ја растворавме во вода па така. Дерматитот кај син ми само со Риластил се смири. Бидерма нас не ни помогна. @Калатеа биодерма е на акција онлајн во зегин
Купив, уште одма нарачав, вака сега за сега добро е се смири, ама забележувам дека при допир со облека или триење ако има се вцрвенува многу