Почнав со Еуцерин ПХ 5, сега зедов и уриаж виолетова колекција. Леле како мириса бепка ќе ја изедам, па и јас се шлапам Инаку, имаш доста акции сега во зегин. Само онлајн важат.
Риластил лосион некој имаме баш за таква намена пишуваше ама воопшто не му помогна, само што ќе намачкав уште одма пак сува кожата си беше. Уриаж ме натера за мене да си купам, таман и помалиов ќе го шлапам со тоа. Не е лош за хидратација, така? Сува кожа имам и обично хранливите немаат убав мирис Прати само слика да не утнам.
Јас по мене кажувам со атопик и егзема, прво ова мислам беше го користев од Риластил, немав ефект, ама ако немаш ефект од биодермата пробај со ова, мислам пишуваше дека е и за бебе. После сменив на биодерма, се' од линијата на атодерм. Искрено пенливата купка првично повеќе ја преферирав. Од таа маслената ко мислам повеќе ми се иритираше кожата. Ова пред година ипол беше. Ама за бебево ми рекоа маслена, па сега и јас си ја користам и поубава ми е од пенливата, немам гајле. Инаку за бебето со еуцерин мачкав и бањав на почетокот, ама ради гени и пошто осетлива и е многу кожата и покажуваше така некои знаци на егзема и сменив на биодерма и сега си е ок. Овие од уриаж ако се за атопик и убаво мирисаат и јас да си земам за мене, ова бидермава стварно ко свинска маст мириса, не ја можам .
@eli25 фала, одма порачувам @Mucika не сум дома да проверам ама мислам дека таа ја имаме, како мачкам така одма исто сува е кожата. Биодермава далеку е од совршена за мојов ама ми делува подобра Едит: @eli25 од рекламава се распродаде уриажот Има некоја искуство со сајтот на Зегин? Да чекам до утре за нарачката можно е да дополнат залиха? Пред два дена биодерма маслена немаше од 200мл (си купив од 1л(ајде кој е за бањање )) а сега гледам повторно стои достапна. И има ли некоја искуство со спрејов?
Можно е да дополнат. Пред 2-3 дена иста ситуација со Weleda, додека да порачам ја снема од залиха. Наредниот ден имаа дополнето количини и си порачав.
Кај моето имаше спротивен ефект. Уште повеќе се чешаше и вцрвенуваше, алергија добиваше од него. Два пати пробав и така стои. Ако сака некоја ќе и го подарам.
Јас се опремив со Веледа - купка и шампонче 2 во 1, крем од невен за кожа (погуста структура), лосион за тело после бањање, а за газе Павловичева.
Женски, до сега користевме мустела, ама сакам да му сменам бидејќи имам приметено дека нема проблематична кожа па дека слободно можам да сменам. Која би ми ја препорачале, хип, corine di farme, или фрезидерм?
Треба едно гратис да ми пратат Сестра ми нарачувала веледа против стрии, ставила во корпа кога да плати немало, сабајлето рано имало. Најверојатно дополнуваат, следи @Speechless а да не му направиш проблем , што не си тераш со мустелата? Хипот мене воопшто не ми се допадна на моја кожа не па на бебе. Јас така си напраив беља со синко со бекутан, во болница ми рекоа одма фрлај тоа бекутанот. Мустела стелатопиа е за посува кожа а таа со авокадото е посекојдневна , јас на цуца моја и нарачав кремче и баш онака е лесно ( тоа со авокадо). За синко ја земав стелатопиа , таа е баш помрсна.
Земи корине де фарм ичи фризидерм Тоа хипот нит мириса нешто ни пена прави, мене ич не ми се свиѓа Ние од почеток сме на бејбилав, ептен ни се погоди Земав еднаш за проба хип ете го уште стои
Јас го користам Коринето шампончето презадоволна сум од прв денс о него ја бањаме бебка, а мирисот не е многу јак баш онака баш бебешки нежен
@ELI2 како оде потрошња со уриаж? Јас сакав да земам мустела тоа користев и за првото до 8 год ама знам дека многу споро се трошеше и вредеше за сите пари. Е колку што ме држи памет мирисот не траеше долго или па сум заборавила. Сега ми ја стави чивијата со ова