Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Ние си користиме се што е на Бекутан, освен пелените. До сега на двапати му имам ставено пелена од Бекутан на бебушко но не ме бендисаа, ми беа крути некако, останатото е се супер.
     
  2. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Последно земавме шампонче и купка Baby love од ДМ за малово,многу убаво мириса.
     
  3. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Ми остана уште козметика да му земам на бебушко. Се мислам помеѓу хип, џонсон или нивеа бејби. Во овие ко што прочитав нема штетни состојки или грешка сум? Што ќе ми треба на почеток, цела колекција да земам или само шампонче, купка, млекце и масло? За газето ќе земам павловичева на др.Павлович, а за телото млеко или масло или и двете, а за лицето посебно крема или...? Хелп ако може :)
     
  4. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Според мене нема потреба да земаш цела колекција.
    За почеток,најубаво е да си земеш сапунче,купка-може да биде 2 во 1 и шампонче,но за бањање и само купка ќе ти заврши работа.
    Обавезно павловичева за газето,јас користам од Бекутан и задоволна сум,на бебето му прија,па ќе си продолжам со истата и понатаму.
    За телото не мора од почеток да го мачкаш со млеко,можеш со јекодерм или со беби масло,а за лицето јас во почетокот и ставав ептен тенок слој од павловичевата,а сега бекутан кремче,но не секој ден.
    Од овие козметики сите ги имаме пробано,од Џонсон сум особено задоволна,Хип не ми се допаѓа како мириса,Нивеа се ок,но ништо посебно,единствено маслото ми е многу убаво,го користев и во бременоста против стрии,а и сега понекогаш се мачкам.
    Моментално ја користиме колекцијата на Бекутан,ефтина цена-добар квалитет.
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Почекај да видиш каква кожа ќе има бебето, за почеток доволно ти е само купка за бањање, павловичева и јекодерм. Ако има нормална кожа нема потреба од други креми и козметики.
    Јас ја бањав со купка Corine de Farme и ми траеше 8 месеци купката, се става по малку нема потреба од правење пена. На почеток мачкав со Јекодерм кај што се трие кожата - под мишки, вратче, лакти, зад колена. И нема потреба од многу козметика за бебе, освен купка и павловичева гледам се друго да избегнувам (признавам чат-пат ја мачкам со млеко од Chicco, ама тоа е еднаш месечно :) ).
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Не сакам да го мачкам со јекодерм, некако ми е многу ружен па затоа мислам со масло некое да го мачкам после бањање. За бекутанот прочитав многу негативни коментари тука дека има парабени незнам што др. а има и многу што го користат :^)
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Остај ти што е ружен туку е најздрав за бебешката кожа. А оние што убаво мирисаат мислиш дека немаат парабени и конзерванси ?!?!
    Ако прочиташ неколку стр. на назад ќе видиш дека сите беа на тапет, од Јонсон до Нивеа...па и медицинските препарати. Знам дека на крај не си паметен што да земеш :?:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    На првата страница прочитав за пантексол. Дека на лицето се става.
    Што е тоа, зошто се става?
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Се препорачува за многу сува кожа, оштетена или болна кожа а и помага кај атопичен дерматит. Ја регенерира кожата затоа што е богата со витамини Е, Д-пантенол и алантоин, ја враќа нарушената природна функција на заштита на кожата.
     
  10. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    Ние денес купивме шампон и купка 2 во 1 од тео бебе, и млеко за тело од беколино (преубаво мириса и мрсно е)
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.527
    Допаѓања:
    251.579
    Мајки ај помагајте, сакам да купам Беколино, е сега не дали треба шампон или купка?
    Исто и кај Бубхенот се двоумам, шампон или купка се користи кај новороденче?
    И што друго? Млеко за тело ми треба?
    Да скратам, што се ми треба за бањање на бебето? :)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Купи си од оние средства што се 2во1 и за коса и за тело. Има од скоро сите производители. А за мачкање, првите месеци најдобар е јекодермот или слични креми на база на рибино масло, јес да се мрсни, ама се најубави за кожата. Млеко за тело можеш подоцна, ама искрено, најдобро е со ништо да не го мачкаш малото, кожата ќе му биде и без тоа убава :)
     
    На Mama25 и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас ќе почнам со Becutan па ако не чини...ќе видиме што ќе користиме понатаму.
     
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас од сам старт почнав со бекутан, уште од болница со шампон и купка и кремата со невен и до ден денес не ги сменив истите и сум презадоволна, нема утка дефинитивно да ги земеш :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    јас еве 6 месец си го користам млекото за тело на бекутан за после бањање а за бањање еуцерин сапунче и понекогаш шампонот и маслото бекутан. кремата од невен исто на бекутан и сум презадоволна
     
  16. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Користам од почетокот бубхен и сум презадоволна... за капење користам маслено средство од бекутан бидејќи е зима и од тоа сум презадоволна. Едно нешто немам никогаш искористено а тоа е пудрата... не знам дали да и ставам само пудра или и витаминска маст? Така ми стои не знам како да ја искористам...

    Него дали некој има користено саносан козметика за бебе?
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.527
    Допаѓања:
    251.579
    Јас најпрво почнав со бубхенот или бубшенот, како и да е, па потоа зедов бекутан оти не најдов од бубхенот 2 во и малиот ми се исфрли, па докторката ми препорача еуцарин детско сапунче. Веднаш се исчисти. Така планирам да продолжам.
    Го мачкам со јекодерм понекогаш, кога има потреба.
    Незнам дали треба цело тело или онаму само каде што е сува кожата, или исфрлена?
     
  18. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Јуле, пробај со овој крем од бубхен. Неверојатен е! Има и големо пакување од 500мл.

    [​IMG]
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    Јас го бањам со тео бебе шампон и купка 2 во 1 имам и млеко за тело од беколино но уште го немаме користено бебето за 2 дена прави 1 месец незнам дали е рано за мачкање млеко.
     
  20. Calvin.Klein

    Calvin.Klein Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Јас мојот фраер го бањам со еуцерин сапунче, го мачкам со еуцерин млеко за тело.