Што ми треба за почеток од козметика да купиме поточно? Се одлучивме за Mustela. Дали имате да препорачате конкретна линија или производи од тој бренд?
Јас не бев задоволна од мустела. На 3м се појавија лишаи на нозете на бебето и сменивме на Еуцерин маслена купка и млеко за тело од пх5 колекцијата. Инаку тоа купка,млеко за тело и заштитна крема за газе.
Јас сум презадоволна од Мустела. Шампон, млеко за тело, крема за лице, за газе , дури и шампонот за теменица. Преубав мирис и кожата му ја прави мека.
Еве јас што купив: Слипи био натурал пелени и влажни, оригинал павловичева, Веледа 2 во 1 шампон и гел, Фрош течен детергент(многу убаво ми мириса) за папочето да почекам од болница или да си купам сега? Од Веледа се разочарав од мирисот искрено, воопшто не мириса како за бебе, или мене ми е згаден мирисот од маслото за стрии Предложете некое кремче, лосионче, по можност и бебешки мирис да имаат
Крема за газе Бејбилав, 2 купив и и двете ми се разводнија, појма немам од што. Како вода внатре станаа. Рок имаат ок, едната чак што више не беше ни отворена, ај да речеш отворената се загадила и се упропастила, ама оваа нова нова... ќе им ја носам во ДМ, не барам ништо да ми вратат, само да им ја покажам. Не е скапа, 85ден, ама зошто така да се направи. Ги чував на ладно, дали од тоа се разводниле...
За новороденче чико добри ли се ? Купив купка и лосион, пишува за осетлива кожа, сега се мислам дали можеби требаше на мустела да купам или на еуцерин.
Zdravo majki sakam da ve prasam koja kozmetika za novorodence e najdobra se se mislam za mustela pa sakam da prasam i poiskusni. Vi blagodaram
Зависи што би му одговарала на бебе. Јас највеќе сум задоволна од Уриаж, Мустелата и не ме воодушеви толку особено гелот за туширање.
Мустела е скапа хемија. Имаш веледа, уртекарм, алверде, и уште неколку органски брендови со цени од до. Хип е исто со добар состав.
За козметика за бебе побарај во аптека нешто за хидратација на кожата, секое бебенце е своја приказна, некое има сува кожа, некое има егзема, некое е атопичар, некое нормална кожа. Во склоп на типот на кожата ќе избереш и козметика. La Roche се покажаа многу добри кај ќерка ми, но не и за мене.
Јас само Хип 3 во 1 имам користено и за двете деца. Првиот месец и без него ги бањав. Ако се вцрвени газето можеш Веледа. Или ако има сува кожа бејби лав масло. За почеток не ти треба ништо. Сите се горе доле исти. Мустела се смета за најдобра дека е за посебна кожа. Не значи дека поскапа ќе е подобра и не значи дека ти треба се. Можеш отпосле да видиш ако ти затреба нешто. Јас ништо не би ставала на бебе освен ако има потреба.