Бепантен сте користеле? Може неограничено или треба паузи? Го земав од аптека за секој случај, па мислев лиценцето да го намачкам со тоа да пробам, да знам дали е безбеден да го мачкам секој ден или само по потреба.
Користиме Bepanten Baby, за пеленска регија https://www.zegin.com.mk/mk/bayer-bepanten-5-mast-30-g Со тоа што на почетокот кога имаше постојано валкани пелени ставав на секое менување. Сега еднаш, двапати на ден. Нема црвенило, кај моево бебе одговара. Неколку пати и на лице и имам ставено меѓутоа генерално само за пеленска регија го користиме и не можам да ти потврдам баш за таа намена. @AngelOfArh
Работата е што побарав Бејби во Зегин ми даде обичен, не пишува на него Бејби. Ништо ќе го вратам, може нема врска ама мислам дека требаше да ми каже, а јас па и не видов.
Дали Фризидерм може да се користи на 4 месеци бебе ? Ми го изрекламираа во Зегин дека е за од раѓање. Ама многу форсираат фризидерм во последно време во Зегин. Сумливи ми се више.
Може. Кај мене супер се покажа, он и помал беше тогаш, на секое искачање и шетање го мачкав, он е летно дете.
Зависи што преферираш. Ако сакаш природнс козметикс тогаш Веледа, Екокозметикс, Алверде ако начекаш, само овие оставаат бело многу. Сега има во белина и Биосолис, Алга марис или на Гамарде овие не би требало да оставаат бело, јас нив оваа година планирам да ги пробам. Лани купив Босолис, ама мм сосе кутија го фрли во контејнер (мислел празна е) и на крај немав време па повторно купив на Алверде. Грнерално не се препорачува ништо до 6 месеци, ама ако инсистираш некое од овие горе земи подобро.
Јас ја нарачав Biosolis од белина. Прочитав многу добри критики и рецензии, и тука на форумот е доста фалена, можеш да прочепкаш.
Они се увозници затоа. Јас што и да прашам све тоа ми нудат и ми створија одбивност веќе, не им се нешто вау производите и составот не им е баш добар. Сега зависи и цената, ама веќе не купувам ништо баш заради тоа што претераа, ќе испадне и рак се лечи со фрезидерм.
Што мислите дека е подобро за бебе со сува кожа и црвенило веледа или биодерма? Еден педијатар рече да користам прородна козметика, друг рече биодерма атопик и сега не знам што да земам.
Веледа е природна козметика, наменета за нормална кожа, доколку има некој проблем мислам декс треба соодветна линија да се користи. Ние користиме Веледа од прв ден и сум задоволна меѓутоа нема никаков проблем со кожата. Мој совет е нешто од брендовите кои имаат специјална линија за таа намена.
Јас земав веледа од бел слез божем да е природна ама воопшто не му помогна... Биодерма го среди за брзо
Не знам дали е проблем ова црвенилото или е нормално кај новороденче, уште се чисти нели. Еден рече нормална кожа, друг сува, се перуташе многу во болница ама сега веќе не. Сега црвенило има како мали точки. Ај ке земам биодерма да видам дали ќе има разлика со црвенилово па понатака ќе се префрлам на веледа. Ви благодарам многу. За бањање земав мустела. И за тоа во болница ми рекоа за сега не, понатака дега природно нешто да земам. А ја земав као божем подобра колекција. Или јас толку се разбирам
Види, не знам колкаво ти е бебето. Нормално е да се лупи кожата првите денови/недели. Така да ако е во тој период е рано да се установи било каква промена ако не е сериозно. Јас би советувала се од ист бренд, барем доколку му одговара и се погоди ќе немаш мака, барем јас така користам, се на веледа, крем за пеленска регија, млеко за тело или масло и шампон/купка. Едит: можеш да пробаш и со еуцерин пх5 исто многу добра опција за ‘проблематична’ кожа.
3 недели сме . Знам дека е нормално да се лупи но две различни мислења од педијатар баш ми разматија ум. Ај ќе видам до утре како ќе биде па ќе се решам за едно од нив, ако нема подобрување ќе земам друго. Ти благодарам
Кога бевме на контрола 10 дена после раѓањето ја прашав докторката што да користиме, велам кожата ѝ е сува, се перута. Докторката само се насмевна и ми објасни дека тоа е нормално, заради тоа што бебето 9 месеци било во плодова течност.
Знам од првото и тоа се перуташе. Ама ова има и некои брунчиња се појавуваат и губат за 2 часа од прилика. Ќе одам во петок повторно на контрола па ќе прашам уште еднаш за посигурно.