Јас го местам за мењање пелена, вадам по 3-4 марамици на страна и тогаш соблакам. И мене не ми се свиѓа ова. Дека се многу збиени се, башка се ко хартиени, не се платнени, топ ми се. Ние и за нас одамна само тие ги користиме.
Zdravo sto se mi e potrebno od kozmetika za bebe vo prvite denovi, sto se koristi t.e do 6 meseci.Se cudam sto da zemam dali weleda ili bioderma.Pozz
Помеѓу нив Веледа зошто е природна козметика, а тоа ти е најидеално за новороденче. Освен купка ти треба крем за пеленска регија кој би го мачкала по потреба и можеби лосион ако мислиш дека треба да го мачкаш бебето. Јас сум против мачкање секојдневно со лосиони/млека посебно на новороденче освен ако нема потреба, односно сува кожа.
Мајки се надевам прашањево е на право место Со што ги мачкате 10+ месеци бебушките против комарци? Што е прикладно за таа возраст а ефикасно?
Јас со ова планирам да почнам да го мачкам, може да се користи од 6 месеци. Лани го користев во бременост и ефикасен ми се покажа.
И јас дојдов за исто прашање. Јас бебе и бато, тројцата сме магнет за комарци. Јас си најдов чаре со еден пилинг од лимон, вчера вечер на туширање се пројдов и цел ден денес ме кружеа, ама бебе не можам со пилинг да го бањам. Се мислев да земам етерично уље во нешто да ставам да прскам или мачкам помешано со некој беби лосион. А неповрзано, оние апаратчињата Чико добри се? Оние за на количка.
Мислам дека минатото лето некој ги фалеше по форумов. Се мислев уште лани и не земав. Ако има некој нека сподели тазе искуство
Јас со бато користев една алка на Мустикер мислам беше, на креветче закачена и не штитеше и мене и бебе без проблем, штитеше во радиус од 1м и таман, кога искачавме навечер ја зимав со мене на количка, раат. Се мислам сега да земам пак иста.
Потребно ти е шампонче и крема за пеленска регија. Најдобро почекај да се породиш и да видиш каква кожа ќе има бебето, па маж ти ќе купи додека стигнете дома. Ако бебето има нормална кожа нема потреба од агресивна козметика како биодерма, мустела и слично, ќе си земеш веледа, имаше една нова од Белина, бејби лов ако не се лажам е меѓу понежните. Ако има посува кожа ќе се консултираш со педијатар ама мислам најчесто биодерма ја препорачуваат за проблематична кожа.
Малиот само од овој не беше искасан од друго се додуша и од бекутанот се покажа супер не можам да се пожалам. На познаници мои им помогна јас пишував лани за апаратчето лично јас не земав никогаш зошто не седеше прво во количка, а второ на 9 месеци прооде што се вика летно време па морав да го мачкам.