А Криленот на Фрезидерм каков е? Чикото веќе ич не ни помага, нит апаратчето за во штекер што е… Ама и овие комарциве се апла мутирани
Ништо за мое бебе не смеам, многу е бел, сега со докторката зборев вика имаш среќа и досега што не ти реагирал на козметики, бели бебиња обично реагираат многу. Да го пипнеш му останува црвенило, пред 1м боцката од вакцина му стои уште модро и дупчето се познава.
Да пробаш со алките. На бекутан мислам дека е од најрана возраст за мачкање. Ако го касне комарец што ќе првиш?
И јас сум во мисла што да користам за бебе кое треба да се роди во август, со првото од почеток користев од Чико ама имаше атопичен дерматит, од 2 месеци почнав со биодерма атодерм маслена купка и еве 4 и пол год уште со иста го капам. Се мислам да пробам со истава секако ја имам па ако нема сува кожа ќе земам нешто за нормална кожа.
Мами вие што користите мустикер за бебушите читам упатсвото се користи 7 дена од отварање. Не е тоа премалце? Зарем секоја недела купувате ново?
За алката ли прашуваш? Тоа мислам е непрекинато користење. Инаку ако ја складираш соодветно си пишува баш сега и на Зегин проверив до 1 месец
Сега баш го земав да видам, јас тоа го разбирам дека толку дози има. Ако ставаш по три дози на ден, ќе ти трае една недела. Англиската верзија вика дека со две дози на ден, трае 2 недели. За колку време по отворање може да се користи не гледам да е наведено Едит: тоа верувам дека се однесува за возрасни, ако се користи за деца и бебиња веројатно трае подолго
Баш ме збуни со ова и земав да го читам. На англиското пишува Do not exceed 3 applicatins per day. Per person, count about one bottle for 2 weeks at two applicatins per day На македонската етикета пак го превеле да не се нанесува повеќе од три пати на ден (што соодветствува со англиското). Едно шише може да го употребувате во текот на една седмица доколку нанесувате по 2 апликации на ден (што баш не соодветствува). Малку е нејасен преводов, а англиското јас го разбирам дека со две апликации на ден има отприлика за две недели користење за едно лице. Во никој случај не го разбирам дека може да се користи само 7 дена по прво користење (по отворање).
Значи исто го разбираме јас и ти. А не пишува по отворање и нормално е зошто е спреј и нема контаминација. Јас секако вакви производи кај што нема наведено по отворање практикувам најмногу до година да ги користам.
@Ano @Anika55 @Sofi.ja Јас не се ни потрудив да го прочитам англиското Ама нашево баш ми направи збунка Фала ви на сите
На хип влажните имаат убав состав. ама мене ми се некако мн суви. и материјалот не ми се свиѓа. За ќерками бејби лов користев и ќе се вратам на нив пак да ги дотрошам на хип.
Од плавата колекција за бебе ја имам пробано кремата за пеленска регија и маслената купка за тело и коса. Кремот е супер, лесен, брзо се упива не е мрсен. Веќе не користам крем за пеленска ама додека ставав супер искуство имав. Со купката и ја мијам само косата, поради тоа што има парфем во составот па решив да причекам пред да ја бањам целата со тоа. Инаку косата и главчето и се како свила после миење. Ми се допаѓа што е со пумпица и ептен споро се троши. Мирисот емотивно ме врзува за моментот прв пат кога ми ја донесоа во болница, со таа колекција беше бањата
Не ти кажаа во Систина ако почнеш со една козметика да не ја менуваш? Мене така ми кажаа, иако не сфаќам зошто. Јас Веледа користам, она си е супер, ама маж ми што вика нема мирис на бебе. Во болница ги бањаа и со Уриаж и со Бекутан иначе. Второво не би, а Уриаж викаш мириса на бебе?