Ми кажаа, ама истите тие и шлапаа пола кутивче Бекутан витаминска крема на секое менување пелена за да немало бебето пеленски осип така што не ги есапам многу во однос на препораки за козметика Инаку препораката да не се менува козметика и да не се комбинираат различни брендови мислам дека им е во случај да јави реакција на некоја состојка да знаеш дека е до тоа, да не нагаѓаш кој производ од кој бренд не чини. На почеток ја бањав и мачкав со колекцијата од невен на Алверде, што е скоро па иста како Веледата, ама од истата причина како маж ти малку кога пркна решив барем косичето да и го бањам со Уријаж маслената затоа што веќе ја имав купено пред да се роди беба. Башка имаше некои суви прашинки уште од раѓање што не и се тргнаа, не баш класична теменица, туку како ситен перут. Одма и се исчисти со Уријаж и сега е свилена Го користам тоа што пишува на него cleansing oil. Немаше ти во торбата тестер мал од cleansing cream? Провери си, пошто десет дена ни се разлика децата, веројатно исти работи ни дале на испис. Мирисот таман ќе го осетиш со тоа, да не купуваш пред време. За тело продолжив со Алверде, добри ми се. Фалтичките меѓу бутките и ги мачкам со Фрезидерм кремата за да не се поти и трие нa жештиниве, инаку на интима ништо не и ставам. Ова ептен мириса така убаво бебешко, пудресто. И тубата е огромна, не знам како ќе ја потрошам со моево немачкање
Не да шлапаа, една дури кога ми покажуваше како се менува пелена сама рече ние тука малку повеќе крема ставаме, дома немојте толку. Ќе пробам и јас да сменам, за пеленска регија користев на почетокот исто Веледа, ама многу остава бело, ни со бањање не се вади убаво. Сега користам оригинал павловичева и задоволна сум. Не знам до кога се користи таква крема, дали цело време дур носат пелени или не? Во торбата јас само Бекутан купка и креми имав, немав Уриаж.
Е тоа белото што едвај се домива, кај женско бебе уште побетер се собира. На мисла бев да престанам и финално ме охрабри педијатарот што ја прегледа пред вакцина. Рече дека нема потреба од креми ставање или ако ставам ретко и малку. Веќе 2-3 недели не ставам ништо и супер и е кожичката. Мијам газе обавезно после какана пелена, пред спиење и ако ми текне онака да ја освежам. Преку ден редовно менувам пелени, навечер многу ретко, само ако ја осетам дека се искакала не ми се остава така. Планирам да продолжам вака па ќе видам.
@Giovanna, @Bella_Stella, јас во Плодност се породив и истиот впечаток го имам. Кога видов колку Павловичева ставаат, викам вака ако ставам и јас по едно кутивче крем на секои два дена ќе ми треба.
Треба може и јас да пробам да намалам со кремата. Јас на секое менување пелена ставам, по малку ама ставам. Не ни сфатив зошто толку ги шлапаат, ама ај.
Значи се запрепастив, го бетонираше детево Дури од шок не се исконтролирав мислам и и свикав малку на сестрата кога ја прашав што прави
Зависи од дете јас до крај му ставав на моето али му купував на бекутан али таа од кам што е хидратантната и му се погоди зошто моето еднаш да не беше намачкан газето ѕвездено небо му беше. Сега нема гајле али сега не носи пелени.
Да да, сигурно е индивидуално. Ќе видам баш ќе пробам некогаш да го оставам и без, дали ќе има разлика.
Што помалку хемија подобро. Големиот пеленска регија дали 2креми во две години потрошив. Воошто немаше мака и не мачкав освен ако не забележев да вцрвенува. Само бришев газе со крпчиња и чиста вода и сушев, а кога потпорасна дирекно на чешма. Малово исто до пред две недели 5 пати дали го имав намачкано. Сега дали и од топлово малку му се исуши газето и како рапаво се направи па овие две недели хидрирам. Ама кај него почнав и со вкусови па и структурата на каката се смени, веројатно и од тоа е иритацијата. И двајцата од време на време само ги мачкам. Големиот има скоро 6 и никогаш немал проблем со кожа. Сега на жешково особено мислам дека само повеќе склет им прави. Освен ако нема конкретен проблем или многу сува кожа јас не би мачкала.
Не им треба ништо, се додека не приметиш дека кожата е сува, но доколку се бања со маслена купка тоа не би се ни случило. Мојот до ден денес не сака да се мачка со ништо освен ако не го изеде комарец
Во Ремедика муабетот на сестрите им беше дека ставале поголемо слојче мрсен крем за да не допирале до кожата каките и да не се иритира.
Па секако ги слекуваме и одма ги миеме каките. Не знам, некако ептен нелагодно ми изгледа за бебето да е цело време со толку крем. Јас би полудела така мачкана. Додуша и немал проблеми со црвенило мојот, кај некои бебиња можда има потреба за поголема количина. За друго дојдов... Пробал некој Biarritz колекција за бебиња? Ми фати око во ДМ... сакам за бебе да почнеме пак со нешто природно, па да видиме како ќе биде понатака. За поголемиот ќе продолжам со козметика за атопична, ама за бебе не би од старт со тоа. Некоја друга препорака? Нормална цена е секогаш плус За големиот користев Веледа, Уртекрам, и Лавера на старт... сега сакам да пробам нешто друго за новороденче.
Јас од 3ти-4ти месец ставам само по потреба кога е потпарена. Некако не ми беше логично на секое менување пелена шлакање креми без потреба
Јас го користев гелчето за туширање. Моиве немаат проблемстична кожа, па сосема ок беше. Само ептен без мирис е да знаеш. Мислам ова беше тоа што го користев јас https://www.bellina.mk/p/2791/alga-natis-khranliv-prochistuvachki-gel-za-bebinja-200-ml
Се надевам дека второво ќе нема проблематична кожа, па стварно сакам да користам нешто пообично. Овие имаат малку состојки, цената им е супер... затоа би ги пробала.
Zdravo , dali ke moze da spodeli nekoj iskustvo ili preporaka za koja kolekcija za nega e najdobra kaj predvreme rodeni bebinja? Na nekoi kolekcii pisuva deka ne se preporacuva za prematurcinja
Уриаж ти е најпогодена за бебиња. Или на природна база Веледа да земеш ама се зависи бебе што ќе му одговара.
Ја има ли некој користено купкава да знам каква е ,дали да ја купувам за поголемата ми е ,со сува кожа https://www.annifarm.com.mk/product/dermedic-linum-emolient-baby-маслена-купка-500ml/