Mapez спрејот за против каснувања од комарци , каде може да се најде? Гледам го немаат на страната на Логона.
Изгледа не го носат веќе. Баш пред некое време коментиравме и проверив во сите аптеки што имаат онлајн секаде беше out of stock.
Se spremam za porajgaj pa vo mnogu nedoumnici sum osobeno okolu kozmetikava. Sto iskustvo imate od bekutan? Dali e pogodno za novorodence? I sto da kupam? Penlivo so sampon, kremce za gaze, jremce za lice, pudra suva, maslo...? Ili nesto gresam, treba plus minus nesto?
Немој Бекутан. Ако имаш можност земи Веледа, Уриаж, Мустела и слично. Во приближен ценовен ранг се сите. Доволно ти е купка/шампон и крема за пеленска регија. Јас купив сѐ, ама многу ретко го мачкам со крем за лице и млеко за тело. Премеки се и стварно нема потреба.
Јас не би Бекутан. Ако имаш можност земи од овие што ти ги препорача @Bella_Stella, или можеш да земеш Hipp или Babylove козметика. Инаку користев шампон/купка за бањање и крема за пеленска регија. Имав земено и лосион и крема за лице/тело но ретко ги користев. Пудра не купив, ниту планирав да користам. Стварно нема потреба од многу козметика за мали бебиња.
Ни ја не би Бекутан како што спомнаа другите членки нити Косили. Ако сакаш нешто во тој ранг на цени подобро Baby love од Dm или Hipp. За почеток купка или 2 во 1 и крема за газе.
Бекутан ни под разно искрено. Земи маслена купка и бањај бебе нема да имаш потребаод мачкање после тоа и меко ќе биде на било која фирма. И за газето земи крема само имај ја маст за потпарено доколку се вцрвени и земи си обична на било која фирма, само павловичеване би ја препорачала можеш на веледа да си земеш за почеток.
И на алверде од дм е супер а ефтина е и спаѓа во природна козметика ако не се имаш одлучено таа од природниве козметики е најефтина.
Искуство со babylove козметиката од дм за новороденче? Во план сум да купам 2во1 шампон и купка, крема за пеленска регија и павловичева оригинал за газето освен павловичева може ли нешто друго за газето оти гледам не ја препорачувате и Дали има потреба од сунѓер за бањање на новороденче или не?
Јас почнав со Алверде, со масло од семка од авокадо и бадем, предобро беше и ќе се вратам на него да дотрошиме ова сега што користам. Сунѓер не ти треба, што ќе трлаш на бебе. Јас павловичева и на двете не користев, според мене мрсно на газе не е потребно.
Јас за газето ништо не користам за секојдневна употреба. Со првото на почеток да зашто мислев дека мора, сега го мачкам само ако е црвено, инаку убаво избришано/измиено и суво газе нема никаков проблем. Со бејби лав немам искуство ама ја фалат, шампон+купка и крема за пеленска ти е доволно.
Има линија на Бејбилав Ултрасензитив, најдобро од неа да земиш за почеток иако сите ги имам пробано, сите се убави, но таа е без парфем и за чувствителна кожа. Крема за пеленска регија можеш да мачкаш само по потреба, а Павловичева, ниту нешто слично, нема потреба да се мачка на секое менување на пелена.
Ако си во можност, земи Веледа. Инаку, Алверде во ДМ е со супер состав и со доста пристојна цена. Досега само млеко за тело имам употребено на почетокот кога и' беше посува кожата. И купката за бањање. Еве има два и пол месеци, на газе ништо не сум мачкала, нема потреба. Ако се сцрвени, тогаш ќе мачкам со цинк. Суво да е, често менување пелена и нема гајле.
Во Зегин видов на Мустела две во едно гел за бањање, тоа го користеше или? Има и едно како маслено. За косата (главата) треба нешто маслено плус или? И крема за пеленска регија дали има посебна или павловичева?
Јас користам Веледа. Ако си љубител на мириси да знаеш дека нема ‘мирис на бебе’ туку мириса на невен. Мене не ми беше пресуден мирисот, ама маж ми стално мрмка сакал да му мириса па следно би сменила со Уриаж или Мустела. Масло за главата не ти треба, освен во случај да се појават теменици. За пеленска регија на почеток користев од Веледа, после земав оригинал Павловичева, а веќе не користам ништо. Многу ретко ставам, само ако видам вцрвено газе.
Ако сакаш да ти мириса на бебе, а да е природна види ги на еко козметикс. Јас го користам млекото за тело за двајцата и преубаво, нежно ми мириса.