Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    уште од почетокот си почнавме со бекутан, и сум презадоволна, косата ни е многу мека, млеко за тело имаме од бекутан, ама не го користам секогаш кога го бајнам :)
     
  2. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Јас сум нова мама ..еве веќе 2 недели ..Користиме се од Бекутан и досега е се како што треба..Задоволна сум..Косата и е мека телото нежно и миризливо... :) планирам да продолжам да користам Бекутан па ќе видиме како ќе биди :D
     
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Бекутан и според мене се совршени за сите без разлика на возраста јас суште си ги користам и кремата и пудрата и сум за :D
     
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    I nie koristime Bekutan od raganje: sampon, penlivo 2in1, pudra i zastiten krem so cink oksid. Od se' sum prezadovolna :)
     
  5. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Користиме се од Бекутан и си ја купивме и новогодишната кутија со производите.
    Задоволна сум.
     
  6. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    Користев до сега козметика од chicco, а сега за празниците добивме пакетче бекутан и веднаш ги пробавме и ептен сум задоволна...
     
  7. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Мислам дека бекутан е докажана детска козметика...би сакала да ве прашам за омекнувач за алишта...дали користите за вашето бебе или не?корисно е или штетно????
     
  8. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Мами, а што со парабенот во Бекутан? Нели е штетен за кожата? Ние користиме купка на Чико, но сега собравме 3 колекции на Бекутан за празнициве. Не знам што да им правам...
     
  9. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    гледам повеќето користите и сте задоволни од бекутан..
    и јас мислев така до пред некое време ама кога почнав да читам во составот ми се отворија очите..
    бекутанот најмногу содржи парабени,дури и влажните марамици што сите ги фалат како најубави и плус едни од поскапите,а да не зборам за маслото во никој случај да не го користите за вас не па за бебињата...
    НЕМА потреба бебето да го мачкате со тие млеката за тело,се што се нанесува на кожа иде во крвта,доволно е во првите 2-3 месеци да се мачка само со јекодерм,јас мојата цуцка ја мачкам со кокосово масло, природно (не секогаш зошто нема потреба) а за бањање си ја бањам со сапунче,значи од козметика ништо не користам,освен сапунче и павловичева,гледајте што помалку да користите,се е хемија!
     
  10. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    :o :o :o составот сега дури го видов и дефинитивно го менувам бекутанот, ви благодарам мамички за советите..
     
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Овие парабените се конзервансите и тие ги заштитуваат од расипување. Во спротивно кремовите би траеле неколку дена и би се расипале. А средствата кои немаат парабени имаат други средства.

    Баш сакам да видам состав на некој бебешки крем кој се рекламира дека е без парабени, што имаат ставено како замена. На пример ако имате крем од нивеа бебешки, гледам дека тој се рекламира дека е без парабени, ама има други конзерванси како замена.
    Парабените се користеле со причина, затоа што се најмалку надразливи од сите други конзерванси.

    Обично ставаат друг конзерванс, на пример бебешките креми кои се без парабени, како замена ставаат Феноксиетанол. За разлика од парабените кои не ја надразнуваат кожата, овој повеќе ја надразнува и предизвикува алергии.

    А ризикот од парабените исто е дискутабилен и единствена причина што ги заменуваат со други конзерванси не е затоа што тие се поевтини или побезбедни или подобри, туку за да удоволат на јавното мислење и на клиентите кои бараат средства без парабени.

    Како и да е, ако нема конзерванси во кремите тие би биле полни со бактерии, фунги и мувли, што мене ми е повеќе страв.

    Искрено се чудам зошто Бекутан уште ги немаат тргнато парабените и наместо нив да стават нешто друго. Изгледа треба да прават нова формула и рецепт за кремот, ама ете гледате колку ова им влијае на јавното мислење и сигурно и на продажбата. Треба да се среќни што досега не се прошириле нашироко овие стравови за парабените.

    Употребата на козметички и хемиски средства во негата на бебињата треба да се сведе на минимум. Ама како да избегнуваме влажни марамици кога се толку практични. Која и да ја најдете замена, штом е влажна марамица, таа мора да содржи хемикалии. Замислете да употребувате влажни крпи за секое бришење, колку е тоа захтевно, па треба да ги перите после употреба. А од друга страна знаеме дека тие се непотребни иританти на кожата, ама мајките сепак прават компромис и ги употребуваат.
     
  12. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Експер донекаде се сложувам меѓутоа парабените како и некои други конзерванси се вбројуваат во ксеноестрогенски материи , кои делумно се обвинуваат за настанувањето на ендометриоза состојба со која јас се борев до пред извесно време, а бидејќи делумно се обвинуваат и гените ( читај мултифакториелна болест), има шанси мојата ќерка да ја наследи па затоа помалото изложување на ксеноестрогенски молекули меѓу кои и парабенот се добредојдени барем во моето семејство. Искрено ме интересира твоето мислење за органската козметика како био клин на пример ?
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Да, овие парабените се уште едни хемикалии кои можеби се штетни и може да се избегнуваат, зошто да не, не е на штета да се биде претпазлив.
    Ако може линк за тие што ме прашуваш? Дали се овие: http://en.biogcosmetics.com/ ?

    Прво немаат на сајтот состав, ако имаш состав напиши за да видам што содржат, затоа што иако спомнуваат дека немаат парабени, сепак мора да имаат нешто, на пример тоа феноксиетанолот.

    А што им значи тоа органско? Тоа нема никакво значење и најверојатно е ставено како маркетингшки трик, ете можеби навистина користат екстракти од органски растенија, а кој го проверува и контролира тоа, кој го пропишува? Најверојатно оставено е на нив самите.
    А и навистина да се органски растенијата тоа нема да има ама баш никаква улога потоа во самиот производ.

    Од друга страна користат сребрена вода која исто е дискутабилен е непотребен производ, се користат со на некој начин нечесни маркетинзи со името органско кое нема никаква тежина и со употребата на непотребна сребрена вода, и овие сертификатите кои ги ставиле се од Бугарска експозитура на Корејска акредитациона фирма која не знам што сертифицира, а и штом се бават со толку сериозна работа ќе можеа барем да си направат асална веб страница:
    http://www.icrqa.net/

    Така да, воопшто не сметам дека се на некој начин супериорни во споредба со други козметики од Нивеа или други докажани производители.

    edit:Сега гледам дека имаат ставено состав и немаат конзервански и ми е чудно затоа што ако навистина ги имаат сите тие екстракти нема шанси да не се расипат без конзерванс. Колку им е рокот на траење?

    edit2: Изгледа дека ги користат сребрените јони како конзерванс. Треба да најдам повеќе за тоа, иако одамна е познато дека има антимикробно дејство, сепак прашањето ми е дали се побезбедно од овој феноксиетанолот или парабените, сепак се работи за метални јони. И колку е испитувано на нив.
    А како се со цената, дали се многу поскапи од овие обичните кремови? Сепак најголема дилема ми е нерепрезентативноста на самата компанија и очигледната употреба на трикови.
     
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Koga ke vidime vo se ima hemija..jas ovde nemozam da najdam bebeska kolekcija na Nivea prosetav niz site marketi...ttetka mi go fali mnogu Bepanten...pogotovo masloto za telo..ima li nekoja majka iskustvo so Bepanten ????
     
  15. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Наместо парабените го има феноксиетанолот. Другите факти со кои се фалат се со ѕвездички демек според ЕУ регулативите, што секој козметички продукт мора да ги исполнува, а не се нешто вондредни услови па за да се фалат.
    Се на се, не мислам дека се нешто супериорни во споредба со други кремови. Цената и достапноста нека ти бидат критериум за одлука. А цената гледам дека е мрсна.
    Сепак ако ти се парабените фактор за избегнување, има други поевтини средства кои ги немаат нив и имаат феноксиетанол, а се поевтини.
     
  17. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    а зошто во маслото на бекутан ги има сите 5 видови парабени и + феноксиетанол???зошто толку штетни конзерванси?
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Citam deka ponazad sum napisala greska..kolekcijata so sakam.da ja koristam za peperutkata moja se vika PENATEN dali imate iskustvo
     
  19. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Penaten е многу квалитетен козметички бренд, со долгогодишна традиција и сигурно нема да погрешиш доколку се одлучиш да го користиш за твоето бебе. Јас го користев само кремот за пеленската регија и се покажа одличен како и други креми коишто ги имам користено. Мој совет ти е за почеток, да не купуваш цели колекции, доволно ќе ти биде само купка и тоа неколку капки во водата во која ќе го капиш бебето, можеш да си купиш и маст со рибино масло, која се става во мали количини и кремче при менување на пелени. Тоа ти е доволно за почеток, а за понатаму доколку треба, во зависност од кожата на бебето, ќе си купиш и дополнителна козметика.
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Jas se odluciv za penaten.maslo za telo,samponce i kremce..se nadevam.deka ke.se.pokazat kako.dobri..posebno mi e vazno za kremcrto so e za gazenceto ..belkim ke bide dobro i ke sprecuva osip.
     

    Прикачени фајлови:

    На TheEkaterina му/ѝ се допаѓа ова.