Во дуќанот на Логона, а јас ги купував и во Аннифарм во Капитол, ама сега не ѓи наоѓам. https://logona.mk/product-category/eco-cosmetics/
Јас искрено сум презадоволна од Мустела со авокадо, кожата на бебево свила, косичето ко памукче, се избистри дури обеле мислам.
Јас пробував повеќе продукти кои се декларира и како природна козметика и за сега може да кажам 1.За пеленска регија уртекрам. Корисрев и натура сиберика, бејбилов, ама оваа има најбрз ефект на смирување при појава на црвенило. 2.За тело Еко козметикс. Само ова и го користам откако е роден бебо, ама мислам дека и за големиот подолго сум на ова млеко. Кога беше помал и други имав пробано, ама некако мирисот, структурата и како се впива на ова ми одговара најмногу. Да напоменам моиве немаат проблемстична кожа, па не ни мачкам постојано туку од време на време 3.За бањање До сега немам фаворит. Сум ги пробала алга натис, бејбилов сензитив, натура сиберика. Сите се ок, генерално нежни средства. Наредно сакав и за тело од еко козметикс да го земам, ме одвраќа само дека не е со пумпуца, овие ми се попрактични особено кога ги туширам на стоење (ова за бебе, големиот одамна е на туш дирекно во кабина). 4. За лице за летно време за хидратација за сега оваа на натура сиберика ми е фаворит, одлична и доволно хранлива. За зима мислам пренежна дека е, за студено време мислам нешто похранливо ќе треба па ќе видиме. Мустелата некако ја одбегнувам од што едно време само неа ја форсираа, не викам дека е лоша козметика. Сега бар има многу избор на детска козметика со различен ценовен ранг за разлика од пред 5 години што штета е да не се обрнува внимание што користиме. На крајот на денот пак се сведува на тоа што помалку шлакање и практикувам тоа.
Баш се погодив со газдарицата да разговарам кога влегов во Логона уствари се им е од природна база направено дури и фарбите за коса, имаат рок на траење зошто има закон за тоа и предходно им имаа направено проблем иначе немаат рок на употреба само треба соодветно да се чуваат по отварање. А стварно имаат добри работи, а реално со цените и не се нешто прескапи кога би бирала хемија и природно од 700-800 денари подобро на природна база би земала.
Јас сум задоволна од уриажот имам кажано кога би земала веќе козметика поскапа еуцерин, биодерма, мустела итн уриажот ми е на врв.
Одличен е Само моиве јавија дерматит па им требаше појака козметика, па мама се шлапа сеуште и преубаво мириса
Nivea kozmetikata dobra e? Nie sme 4godinki, ko bebe koristevme mustela, smenivme na hipp deka mustelata ne ni odgovarase. I eve seuste sme eo hipp. No nekako sakam da i smenam, i poubavo da mirisa. I’m a se mislem za chico ili nivea. moze i drug predlog so prifatliva cena
Искрено не би ти ја препорачала нивеата барем не оваа што е во МК, има преголема разлика од таа во европските земји, јас ја користев за раце белата софт тач кога ја земав од тука од кај нас врска си немаше ни приближно не беше. Подобро земи веледа на природна база или на бејбилов козметиката.
Здраво, Користевме мустела но на обравчето и се појави црвенило (атопичен дерматитис) сакам да земам bioderma atoderm. Ако сакате поточно да ми кажете дали е подобро да земам масло за туширање или оваа комбинација, не ми е јасно дали гелот е само за миење не за туширање. https://zegin.com.mk/mk/bioderma-at...olienten-balsam-500-ml-penest-gel-za-miene-za
Моето првото имаше (уште има на периоди 4г и 8м) ја зедов биорема маслената купка и ден денес со итата го капам цел, плус тој лосионот за тело што го имаш испратено.
Дали сте користеле спф крем од еуцерин за бебе? Ќе одиме средина на септември 5 дена на море, педијатарот рече да земам спф од истата козметика со која го бањам. Но бебе ќе има 2 месеци,дали има еуцерин спф за 2 месеци? Исто за комарци,освен Мапез,кој читам дека го нема,што смеам да користам?
Имаат само за над 6 месеци, баш го барав во Зегин ама го тргнале. За 2 месече мислам дека убаво е Веледа да земеш, најсигурна е некако и не е толку скапа, секако многу малку ќе го мачкаш верувам. Е негативно е што е како креч густа. Мапез не го носат веќе, за таа возраст само Чико зеленото спрејче е дозволено.