Мислам дека на 2м не ти е паметно да мачкаш. Ќе го штитиш под сенка, со боденце, капче, не мачкај ништо. Уште кожата не му е избистрена не знаеш што кожа има, немој да го мачкаш. За комарци исто, можеш да користиш мрежа. Овие совети ги добив од матичните.
За сонце мислам дека нема да имаш потреба средина на септември плус и премало е. Лесно облечено и под сенка. Јас во Јуни додека уште не беше жешко (5м беше). Тенко облечен во количка и со чадорче со ув заштита го носев и нормално во најтоплото се прибиравме. За комарци види го ова, мислам 0+е. Азета био, во дм знам дека го има.
Мајки препорачајте ми органска козметика за новороденче. За првото веледа користев, океј ми беше, ама би сакала и нешто друго да разгледам.
Имаш на белина повеќе брендови што имаат детски линии. Конкретно сум користела од натура сиберика, уртекрам, алга натис... Друго што ми текнува е линијата на еко козметикс. Сите овие се ок според мене.
Јас, сега на одмор. Ок е, ама на скроз суво лице, на влажно малку упивање задутре. Инаку смирува доста. Јас сум најмногу против овие скапите козметики, ама се заљубив во гелот на Мустела со авокадо, пренежно е.
Еко козметикс, ама сега проверував на стрнаата на логона нема ништо на залиха, а во ани фарм само тоа за бањање . Штета, млекото за тело ептен ни е погодено. Наредно веројатно би одела со уртекрам. Не дека се лоши натура сиберика, малку помлитава структура им се производите, потечни иако за летна хидратација пример кремата за лице е супер лесна. Најпоследни би ги ставила алга натис тие најмалку ми имаат оставено впечаток.
Дали некое време откако ќе го намачкаш има некој лош мирис? Еднаш ја намачкав после некој саат ми мирисаше неубаво, дали мене така ми се погоди не знам
BABE шпанска козметика веганска, со омега 3, 6 и 9, мн се убави купките и лосионите. Во ДМ ги има. Пробај ја нема да се покаеш. Исто и ЕСО на Логона се добриз ама за залихи не знам баш. На Белина белата со плаво мече ми се сфиѓа цела линија, ама како се викаше не знам, отворина на Белина.мк имаш се, ќе ти искочи сликичка од колекцијата бело со плаво, јас сум и од тие задоволна. Имаш во Космо, и плус во нивноте продавници, а можеш и онлајн да си нарачаш.
Само јекодерм. Мада земав и еден од Бејби лав од ДМ со Алое, се покажа ок, големото со него го мачкав. Можеш и Бепантен, ама јекодерм земи си обавезно.
Сега прочитав за теменица на главчето кај бебињата. Дали постои теменица и на лицето, односно меѓу веѓите или ова нашето е друго? Како што видов на слики жолти корузи се, а такво е и кај моето бебе
Мустела шампончето за теменици и кремата уриаж за теменици. Кое помогна повеќе не знам, ама брзо му поминаа