Uriage Xémose anti irritant мачкај и ќе помине јас со тоа го средувам моево зошто само тоа му помага. Побарај дали има тестер во аптека да ти дадат чисто да пробаш. Мене ми се свиѓа зошто ја одржува кожата влажна и мека и упива брзо, а не е како еуцерин 10% уреа кога ќе се намачкаш да стои одозгора цел слој како мрсен да си.
Јас изнакупив на биодерма и ми стоат неотворени, по совет на патронажните ја бањам со бебешко сапунче само, пеленска регија мачкам со павловичева, а за телото после бањање ми кажа педијатарот да ја мачкам со јекодерм, пу пу да не урочам супер кожа има Не лискај пари за 300 препрати додека се роди, секое бебе има различна кожа, земи најосновно нешто па според потребите на кожата на бебето ќе купиш ако треба нешто специфично
Види ако има Судокрем, или побарај крема која содржи цинк оксид, ќе го држи газето суво и ќе се смири кожата.
Бебушка е 15 месеца , има виткано косиче. Тешко и се расчешлуваат локните. Читав за шампонче на корине де фарме , вчера бев да го купам но таа од зегин ми рече најискрено не, од 3 години ги препорачуваме сепак мала е. Ми ги препорача овој Го купив соленко 650 ден. И свети косата но пак не се расчешлува убаво Некое спрејче или мала е ?
Земи од Росен, на инста имаат страна, Ива, Мила и Јана мислам се викаат шампонче, спрејче имаат и крема за тело, така мислам беа. Една мајка од Босна што живее во Швајцарија ги има брендирано, нејзините имаат долги коси до газ и сите се со свилички а вика само со тие ги мие. Пробано на внучка стварно се свиличка. Нарачај го спрејчето. Мислам дека може од годинка.
Фала ти ќе им пишам , само онлајн имаат ? Сега за сега ќе го потрошам шампончето, дадов пари веќе но ќе земам спрејче. Со плачки сме кога чешламе косичка
Јас земав спрејче на Urtekram Calendula, без проблем се расчешлува коста и мокра и сува кога прскам од него
Од Белина? А шампонче од кое? едит: сега проверив не е достапно Незнам дали би го имало по нивните продавници
Овој што го сликав преубав е стварно. Од Зегин го земав , 2 во 1 е. Свети косата , убаво мириса и најбитно ми е дека е со пумпа, мн лесно се нанесува една капка е доволно убаво пени.Пишува дека е за виткано косиче и лесно расчешлување
Кога некој производ го нема онлајн, го нема ни по продавници. Следи одвреме-навреме, би требало да го добијат некогаш штом не е тргнат од сајтот.
Пиши им ќе ти проверат, многу се услужливи. Мислам дека може да го имаат во дуќан зошто онлајн од магацин праќаат. Бар лани знам дека така беше јас кога барав некоја крема онлајн ја немаше, а во капиштец ми проверуваа ја имаше па ја земав таму. Може нешто се сменило сега.
Појма немам, мене ми кажаа дека штом нема онлајн, го нема никаде. Но секако, нека им пише, се согласувам дека се многу љубезни и услужливи.
И јас го имам ова, баш е како регенератор. Не сум воодушевена од мирисот, ама неверојатно мекана ја прави косичката. Би ги пробала и другите производи од колекцијата