Мајки здраво. Препорачајте ми што да земам за прва козметика за бебе, живеам во странство и овде нема голем избор, освен на џонсон и некои други марки што гледам не се користат кај нас, па сакам да си набавам од Македонија, но навистина не знам, дали на Веледа, уриаж,биодерма, еуцерин... со што би почнала, па потоа ако не му одговара на бебе да ги менувам со тие тука што се нудат. Прво се мислев за веледа, но гледам се повеќе користат маслена купка на еуцерин, и тотално се збунив како да искомбинирам.
не е баш козметика, ама не знаев кај да прашам. До сега користев течен прашок нила бебешки.Има 2 годинки. Во неколку наврати перам со прашок како за нас, заеднички на 60 степени. Дајте предлог на прашок обичен (мислам дека подобро пере) или пак некој течен да земам.
Јас користам Перисл течен бебешки. Убаво ги пере,меки се,ама ми фали мирис,воопшто не мириса. За првото користев Ариел,но сега е многу поскапен..
Околу 500ден 2 литра. Јас имам капсули ариел и размислував да перам и за бебето со нив. Мислам дека било каков течен прашак со дупло плавење не би правел проблем.
Треба полека да се купува и козметика за брбушко. Ако можи предлог од која сте задоволни. Со првиот синко ги користев на хип гелот и млекото и оригинал павловичева, пред 9 години.
Јас купив од дм на бејби лов. Т.е. купка за бањање и кремче. Не планирам мн козметика да користам. За бањање само и на газето да намачкам. Ни со првото ни сега не препочитам бебе од раѓање да се шљапа цело со млеко за тело ако нема потреба. Земав и чешле на истата фирма, и влажни ( за надвор) имаку планирам со памук натопен со вода, и памукчиња големи.
Почнав со Алверде, сега користам Мустела со авокадо. Искрено од Мустелава сум позадоволна. Сега да имам бебе новороденче би ги пробала новите на Бејби лав органски, не се исплати за бебе сега да земам, големо е, тие се мали пакувања.
Има некоја што користи од Уриаж, дс не знај кај можи да се најди оваа купка https://www.epharmacy.mk/shop/uriage-creme-lavante-прва-хидратантна-крема-за-бањање/ Зегин ја немаат онлине нити низ аптеките во Битола, пробав на неколку онлине аптеки, иако стои “на залиха” испаѓа ја немаат, ми ја откажуваат порачката.
Да видиш Бети аптекиве знам дека они држеа линија на уриаж https://paket.mk/product/uriage-creme-lavante-prva-hidratantna-krema-za-banjanje-500ml
Здраво, дали користите крема за лице кај бебињата за кога е поладно надвор? И каква? Моето е 2.5 месеци, не знам дали треба да користам
Има кремови за лице за студ и ветар од разни фирми. Јас на Веледа сум го користела. Ама на баш студено, ова сега времево не ми е за таков крем.