Јас на бејбилав му ставав во туба е со портокалово, освн ако не смениле дезен нешто и задоволна бев само што треба да се нанесе 30минути пред излегување надвор(ова практикувај зима кпга ќе биде и поладно)
Феминки, здраво Користам хипп шампон и млеко. Бебе е сега 3 месеци и сега скоро се појави сува кожа на рачињата и ноџињата, како малце зацрвенета на места и сува. Според педијатар, треба да сменам козметика со биодерма, мустела, еуцерин, маслени купки. Тие што сте пробале, што мислите - што е подобро? И дали има нешто поблаго, се плашам да не ја навикнам на силна козметика
Па таа баш не е силна козметика, медицинска е, маслената на Биодерма и балзамот Атодерм е супер, Еуцерин не ми дале некој ефект. Липикар линијата на Ла Рош е исто убава.
Може да пробаш со јекодерм да го мачкаш по капење, ако не ги сакаш маслените купки, иако добри се тие, биодермата има 1 литар и трае многу долго
Јекодерм мачкав, се потсмирува ама тука е уште црвенилото и перутањето. Готово, нарачав Биодерма од Зегин, на попуст е цела козметика. Фала на помош
Мајки дали знаете каде можам да најдам Биодерма,Уриаж или La roche posay тестери од лосионите и купките за атопична кожа? Воопшто не се ефтини големите пакувања,а сакам да пробам малку дали ќе му одговара на кожата. Во мометов користам Еуцерин пх5 маслена купка и лосион,но му се појавија лишаи на надлактици,бутчиња дури и на лице,можеби веќе не му одговара еуцеринов..
И кај моето се појави од ВиолетА купката и шампонот и бекутанот, земав уриаж лавандер маслена и млеко за тело и му помогна со тоа само се среди. Уриаж немаат тестери не даваат освен негде штанд ако имаат промовирање па тогаш. Зегин барај си тестери за другите или АнниФарм. Али и купката и лосионот ако ги земеш ти ќе си ги користиш што неверувам дека ќе му направат иритација. Пред да смениш на уриаж се земи од нив Xémose anti-irritant лосион многу брзо решава вакви работи,особено и за луѓе што им се перута кожата или имаат како егзема.
Нз за тестери ама биодерма мислам ќе помогни, маслена купка и лосион, со истиот и на лице го мачкав првото.
Зегин само од Frezyderm имаат тестери така ми рече девојката,а првото кога беше бебе ми дадоа еуцерин тестер. На ова мислиш?
Во Ох во нивата аптека имаат попусти на овие брендови, може на некој ќе му притреба. А мислам дека работат и со нарачки. Тестери не знам, ама и јас сменив козметика со Биодерма и сум задоволна, маслената и балзамот. Ем убаво мириса маслото, ем мека кожичка на бебе, скроз препорачувам.
Може да се мачка и на лице така? Дека и лицето е рапаво,се познаваат како мозолчиња и на обравчиња и околу веѓите. Јас тука читав за крема на Алверде од невен ја земав,но има минимално подобрување. Инаку не се сите производи на Биодерма на попуст,бар така гледам на сјатот на Виа фарм. На овие мислиш?
Да, маслото е тоа, а балзамот е овој на сликата. И на лице може да се мачка. И моето бебе на почеток имаше како жолто кај веѓите, и тоа го триев нежно со тетра пелена после бањање, и после и се перуташе лиценцето.. сега и е стакло. А на телото на рачињата и бутчињата и се правеа како лишаи црвенкасти и со сува кожа. И се тоа кај нас било од алергии, еве денес ми кажа педијатарот да се ставам на режим без млечни производи следните 2-3 месец. Инаку, попустот е дека отвараат нова аптека во Ох. Ама јави се, може ќе ти излезат во пресрет
Овие се навистина добри помалиот има дерматит еднаш толку многу му се влоши што дури кожата му испука до крв. Со Биодермава маслено и лосионов со едно мачкање се смири чешањето, а за неколку дена почна да се повлекува и измазнува кожата. Уријаж има тестери во Еурофарм и тие се добри.
Јас едно ќе кажам. Веќе не верувам ни на лосиони ни на купки. Сѐ пробав. И на сите им дадов време, не е дека од одма реков "еве не ги бива". Еве Еуцеринот последно со месеци го користиме, сега како залади времето пак му се воспали кожата. Џабе е се. Секоја зима е исто. Претходно до рани доаѓаше, само кортико помогна да се смири. Не дај боже ако пак се влоши до толку ситуацијата, сигурно пак ќе му дадат кортико.
Ама сува кожа и кожа со сериозни дерматити не е исто, да се разбереме. Едно е дерматит обичен, друго е сува кожа, лишајче.
Може е веќе прашано ама не можам да најдам слика , дали ќе може да ми ја пратите кремата за лице за ладно кога е надвор на бејби лов ? Уште таа крема не ја земав ..
еве ја сега изгледа со плаво им е тубата за против ветер и студ. Види дали ќе ја најдеш во некој дм можеби уште да не е донесена да им е "рано"