Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.310
    Допаѓања:
    19.671
    Пол:
    Женски
    Досега за атопична кожа најзадоволна сум од Биодерма пробав тестери и на Ла Рош и супер е и таа козметика.
     
    На Mumoftwo30 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Можеби проблемот е во водата. Брат ми исто проблем со кожата имаше кога одеше во друг град на факултет исто и сега надвор од мк е и повторно проблем има, додека беше во ск немаше мака. Така да може да е и до климата каде што живеете ако сте надвор од мк.
     
  3. daniangel

    daniangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    71
    Истото и кај нас се случи, од раѓање користев исклучиво Мустела, а косата и порасна многу долга и густа, и се соочив со истиот проблем како вашиот. Сменив, земав хипп шампон со регенератор 2 во 1, и сум ептен задоволна...коста и е убаво измиена и чиста и доби живост.
     
    На Anya321 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.931
    Допаѓања:
    177.583
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е до тоа кај нас. Ќерка ми е родена во Грција, немаше проблем со кожата, зимно време знаеше да и се потсуши ама со хидратантна крема се средуваше. Син ми е роден во Германија и еве тој пак зимно време лишајчиња вади. Сега ни на двајцата не им прави разлика хидратантна крема. И ова се случува на зима и еве секоја зима кожата им е посува од претходната. :doh:
    Денеска ми стаса биодермата, ги шлакнав двајцата пред спиење па ќе видам дали оваа козметика ќе им помогне.



    Исто ме интересира што користите за газе? Никако да му го средам на малиот. Со Веледа имав топ искуство со првото па и за второво земав и до сеа добро се покажуваше. Сега веќе не. :doh: Пробав судокрем, не знаев што друго ама не помага. Што крема да му земам за редовна употреба, а да не е полна нафтени деривати?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.807
    Пол:
    Женски
    Подобро е да мачкаш само ако има пеленски осип. Нема потреба од секојдневно мачкање, јас од двете се уверив дека е подобро да не се мачка. Големиот го мачкав редовно, често правеше пеленски осип, малово ич не го мачкав, дали еднаш имаше осип или двапати. И тоа малово беше со атопичен дерматит, големиов немаше такви проблеми со кожата.
     
    На Mumoftwo30, Sofi.ja и Anika55 им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.931
    Допаѓања:
    177.583
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум мачкала секој ден, на ниедно од двете. Секогаш мачкам исклучиво по потреба. Со првото немав проблем со осип и црвенила, сега второво има проблем па треба редовно мачкање да се среди, на тоа мислев.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.807
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго. Креми со цинк помагаат обично, ама ако перзистира, не е лошо да се измеша кремот со цинк со малку канестен.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    61.910
    Пол:
    Женски
    На син ми од бепантен бејби многу брзо му се смирува црвенилото. Судокрем нема некој ефект кај него.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.931
    Допаѓања:
    177.583
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Ќе пробам.
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Убедливо најдобро му делува Мустела 123 кремата, земав и за лице Мустела, џам.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.931
    Допаѓања:
    177.583
    Пол:
    Женски
    Пробав и мустела ама никаква промена не направи. :smirk:
     
  12. Emigra

    Emigra Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Се мачам со избор на шампони бидејќи неможам да најдам некој баш што ми се погодил. Уште од мала користев бекутан шампон и косата ми беше преубава тогаш и од кога почнав да ги користам овие “повозрасниве” шампони некако не е воопшто истата.. Дали некој има што сеуште користи бекутан шампон на својата коса (иако не е до 12 години хаха) и дали е лоша идеја повторно да почнам да го користам?
    Имам 20 год.
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    Првите ни се генерација, еве го од 2 месеци до 5 год биодермата ја користам, маслена купка и лосион, пробав и еуцерин лосион ама не му беше погоден, на зима стално е со егземи на нозете позади, исто на рацете кај лактите и под нив, капење од 2 месеци навака 2 пати неделата, тоа помогна секако, ужас беше како бебе, користев и кортико за да смирам кожа, и сега знам да ставам ако се расчеша бетаметазон, иначе сега кога е дома 1 неделно го капам, а обично 2 пати неделата, го одмивам секој ден.
    Бебето е 4 месеци со него од старт капење 2 пати неделно, нз дали имаше врска тоа или такво си е, со него со веледа почнав, сосема спротивно од брат му е, супер кожа има, пу пу досега ни едно егземче не му се направило, а воопшто на тело и на лице не е мачкан со лосион, ниту еднаш од ко е роден.
    Едит за пелески осип само флогоцид помага, само по потреба мачкам, судокрем пробав ама не делува како флогидот. Сега мислам флогомаст се вика. Јас оваа на сликата ја користам.
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 24 декември 2023
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.351
    Пол:
    Женски
    Јас земав цела линија за бебе од Weleda. До сега нема иритација, презадоволна сум.
     
    На Mumoftwo30 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.931
    Допаѓања:
    177.583
    Пол:
    Женски
    Кај мене Лаки е обратно. Колку што првото немаше проблем со кожата, па затоа и немам искуство со креми, толку второво има. Јас ниедно дете не сум бањала секој ден по препорака од педијатар. Сем на лето кога се потат или кога играат надвор и ќе се напраат прасиња. Еве второво од почеток два пати неделно го бањав ради кожата, ама по препорака овде од педијатар и еднаш неделно пробав цел месец. Нормално си го замивав газе, под пазуви, вратчето, лице секој ден му мијам секако. Ама џабе беше.
    Конечно биодермава дава резултати, исто по нозе лишајчиња има позади колена. И на гради. Првото мачкање не направи многу разлика ама после неколку мачкања сите лишајчиња се повлекоа освен тие позади колена кои уште малку се познаваат ама тие беа и највоспалени.
    Кај него да е и тоа само проблем, нон стоп на газе се потпарува, и во вратчето исто оти е големо бебе и нон стоп црвени линии воспалено па и го чеша. За вратчето имам крема дадена од педијатар, за газе сменив неколку никако не можам да му погодам, еве последно не најдов бепантен и зедов една што ми ја предложија во аптека, па вака како подобро му е чинам. Кога ќе ги наредам кремите пред него само се штрецам да не му ставам погрешна крема на погрешно место. :D Сеа дека кашла со недели плус и еукалиптус му мачкам на гради. Хаос.


    Ќерка ми имаше посува кожа само на зима ама тоа беше нешто што се средуваше со хидратантна крема. Последниве две зими нозете и се пресушија. Нема лишаи ама кожата е многу рапава. Еве после не знам колку време така, сега со биодермава и на неа кожата и се измазнува и и омекнува.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Ве молам за мислење... Биодерма или Мустела? Со што да почнам од почеток да бањам... Некој ми викаат дека биодермата била за атопична кожа ама гледам има и обична маслена купка, мустелата е момантално на акција и незнам што да правам се двоумам... ( се уште не сум породена ама сакам со време да си купам)
     
  17. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    61.910
    Пол:
    Женски
    Двете козметики се убави, која и да ја одбереш нема да згрешиш. Ете ако мустела е на акција земи од таа.
    Мада, пред да се роди бебето не знаеш точно што ќе ти треба и колку ќе користиш, па најдобро е отпосле да купуваш. Ама меракот е голем, знам :) Ако имаш можност да ги мириснеш прво, па и тоа ќе ти помогне во одлуката.
     
  18. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Тотално сум изгубена, дека прво, не ми се почнува со бекутан чико зошто две другарки едвај им ја оправија кожичката на бебињата. Не ми е битен искрено мирисот, јас сум 50 за мустела 50 за биодерма. Ми вика сопругот купи ги двете еден ден со тоа еден со тоа бањај го само не ме замарај :)
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.807
    Пол:
    Женски
    Јас не би бањала дете од старт со таква козметика, оти прво, наменска е, за проблеми со кожа. Тоа се зема ако има потреба
    Има солидна козметика на Натура Сиберика, Натура Верде, Уртекрам, Лавера, Логона, Веледа. Која и да ја одбереш, нема да згрешиш.
    Натура Сиберика, Уртекрам и Лавера ги има во Белина, Натура Верде сум земала од Веро и ДМ, Логона не се сеќавам од каде ја земав, ако ми текне ќе пишам. Веледа по аптекиве ја има.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Незнаев... бидејќи од биодермата има и маслена купка ама обична што не е за атопична кожа, дерматит или друго. Фала ти за препораките и за информацијата дека се за проблеми со кожата. И искрено не ми е битна цената. гледам ги форсираат овие две затоа побарав мислење. Ја ако се прашувам првите 40 дена само со водичка би го бањала ама и за тоа ми зборат.