Па и нема ни потреба од купки и сапуни, бебето не се валка како поголемо дете или возрасен. Разгледај си на раат, па ќе си одлучиш.
Јас планирам да земам откако ќе се роди бебчо. Во Систина ги бањаат со мустела па ќе видам таму како ќе реагира и што ќе препорачаат според бебчо. Секако нели додека не падне врвката не се препорачува класично шлапање бањање на бебе, плус и ради обвивката што му е на кожичето како заштита не е баш убаво да се претерува со купки од старт. Немам искуство ова што слушав на предавања за грижа за новороденче, но сепак одлучив да си дојдеме домче па после да земам козметика, тоа секако нема да ти треба одма од прв ден па ќе може или да порачаш или да ти купи сопругот. Јас имам зегин во зграда па и затоа не брзам сега а не се многу евтини за да ги земеш па да не му одговараат..
Јас сум малце психо, сакам се да е спремно пред време. Јас 7ми месец влегов пред една недела и почнав да купувам полека полека. И дека сум малку големка не ми се чека до последно зошто сеа ми е проблем одењето, а за два месеци па ич нема да можам. Јас у чаир ќе се пораѓам така да таму излеа со што им дојде ги бањаат. Ама за дома стварно сакам нешто поквалитетно и убаво. Што викам ја подобро поквалитетно купи него после да идеш по кожни лекари.
Така е мила, ако... јас доста читав позитивни работи за мустелата пример и овој пакет ми го пофалија дека за старт има баш се, не мириса прејако и кожичката е мека одпосле. Можеш да го разгледаш https://viafarm.mk/p/4204/mustela-p...03193843480165&utm_content=120203193844040165
И јас мислев за овој пакет. Ама да размислам уште ден два. а за перење што користиш т.е. ќе користиш?
Земав персил сенситив доста го збореа овде па после прочитав дека Нила била најубава.. јас исправ со тој се и испеглав одпосле, па се надевам нема да му направи проблем.
Со уриаж ги бањаат и бекутан баш сега кога бев за бањање ја прашував таа што користат ама и видов и јас.
Значи смениле лани баш другарка ми кога се породи тоа користеле. Фала во секој случај ќе видам за што да се одлучам за бекутан доста негативни искуства па со тоа не би одела
Јас се породив во февруари, со уријаж ги бањаа. Толку убаво ми мирисаше, сакав само тоа да користиме, ама испаднаа проблеми со атопична кожа и сега сме на ла рош. Ама уријажот ми е баш мирис на бебе.
И јас кога се породив ао Уријаж бањаа, а по некоја случајност од истата колекција веќе имав купено маслена купка. Преубав мирис, мислам до прваче ќе ја бањам со тоа Башка што цела е како свила после бањање и преспоро се троши.
Немој да се помислила на бекутан, ни влажни ни ништо. Го имаат расипано не е како порано што бил. Јас за мене купив влажни се вцрвив одма не па бебе. И тоа стомакот што го избришав после ехо од тоа гелот што го ставаат. Да не ми лепи на хеланките, па купував една маст незнам која беше зошто ме чешаше.
Не тие на памет не ми паднале, сопругот има проблем со осетлива кожа пред некое време си земал сам купка бекутан уште толку му се влоши, а не па на мало бебче. Јас најверојатно ќе земам или мустела или иријаж тие две најмогу ги фалат мајкиве со искуство па ќе видиме што ќе одговара на бебо
На попуст е мустелата.... ја дефинитивно биодерма ќе земам утре здравје ќе одам да купам и памперси и се што ми треба
Оваа претпоставувам нема мирис дека за атопична? Денес инаку ја купив и хидратантната крема за лице од плавата бебешка линија, многу убаво нежно мириса и лесна е убаво се упива. Обравчињата и се малку суви откако залади, се надевам дека ќе помогне ова.