Здраво мајки, спремам козметика за новороденче па ве читам дека сте задоволни од Биодерма и Уријаж. Е сега прашањето ми е Биодермата дали може да се користи од прв ден кај нормално новороденче, или само ако има проблем со дерматит зошто гледам дека е атопична линија на козметика. Зошто не можам да знам дали ќе се роди со проблематична кожа а почетно морам да купам нешто
За уријаж задоволна ептен бебешката линија со плаво земи си ја, јас не би мачкала за атопичен доколку нема потреба.
А дали да се избере од Уријаж бебешки масло за капење или крем за капење (гледам постојат и такво и такво), исто дали има потреба од шампон за новороденче дека видов дека имаат? И дали би ми требало крем од линијата и хидратантено млеко или не се мачкаат толку малечки кога се ?
Вчера аптекарката ми рече дека биодермата била број 1 во светот и дека можело од самото раѓање да се бања и немало потреба од млеко бидејќи е маслена купка, Маслената купка не ја сушела кожичката... јас биодермата ја земав и другарки имаат искуство со неа со нормална кожа на бебе и немаат никаков проблем.
Со првото такви маки видов со страшни егземи и атопичен дерматит беше користев и сеуште користам (5год) маслена купка и лосион биодерма, за него биодермата е спас и не планирам да му ја менувам. Иако е скапа досега 4 имам потрошено само, плус капење 2 пати неделно, исклучок лето. За бебево иако имав дома несакав со неа да почнам, купив Веледа пакет купка и крем за пеленска регија за 888 ден мислам, одлично му се покажа, ништо др не ставам ни на лице ни на тело, ништо нема, 4+ месеци е, ама сепак е до детето до кожата. Јас 2те ги препорачувам ама биодерма ако има потреба, ако не не.
Другарка од старт првото го бањаше со мустела... таков проблем напраи што незнаеа колку пари дадоа по кожни лекари и креми, второто од старт го бања со биодерма кога ќе го избања и кога ќе го земам кожичката му е како свила. Ни со млеко го мачка ништо. Незнам може и ја згрешив со биодермата ама и аптекарката кога ми кажа вчера се одлучив за неа.
Искрено не е скапа.... Хипот е мала литража ( зборам за поефтина козметика ) три хип да купиш е исто ко литар биодерма... мене ми е прво и искрено ко изгубен германец сум може и грешка напраив со биодермата ама ќе видиме, ако не му одговара на бебо мама ќе се бања со неа
Не да не одговара сиг нема проблем да му направи, туку се користи за сува кожа, како лек да речам, во 5 год еднаш зедов нивеа ај си реков ќе пробам поголемо дете, ама од 2 капења му се исуши кожичето па пак биодерма зедов.. Преубава е маслената, ако си во можност земи си и Веледа со невен, биодермата ќе си ја искористиш секако.
За бебе реално што помалце хемија, тоа подобро, за новороденче поготово. Нема потреба, кожата сама од себе им е чиста мекичка. Од многу шлапање со креми може повеќе проблем да се направи отколку да не се става ништо. За мојот на почетокот земав Weleda гелот за туширање и ставав една капка, колку само газе да измијам и повраќаници. Друго ништо не сум ставала. Кожа мека ко свила имаше. Ама кога почнавме со цврста храна му се појави атопичен дерматит, па морав да сменам во медицинска козметика затоа што имаше потреба. Биодерма малената купка и лосионот му се погодија одлично, брзо му се оправи кожата. Муабетот ми е дека Биодермата е наменска козметика. Не дека е грешка што си земала, ама сепак нема реална потреба од тој тип на козметика за новороденче.
Бидна више, за weleda прв пат слушам, мустелата некако многу ми ја форсираа, а за уријажот се мислев, а еуцеринот па никој од другаркиве не го користела освен тоа пх5 за стрии што се мачкаа. Искрено никако не ми мириса биодермава.. го земав и фрошот за перење и тој нема никаков мирис.. па се мислам омекнувач да купам. А за пеленска регија земав оргинал павловичева. Ќе видиме кога ќе се роди баткава како ќе биде, па ако не одговара ќе мењаваме. Вчера сум купила толку безпотребни работи, коа дојдов дома кога размислив си викав самата на себе ти не си нормална.
Не ни треба да мириса Омекнувач за алишта не ти треба воопшто. За павловичева јас сум многу против, од многу причини, ама ако тргнам и за тоа да коментирам ќе речеш што и е на оваа од сабајле
Бебе има сува кожа на лицето, како лишаи/егзема, црвени суви и го чешкаат. Мачкаме јекодерм, но би сакала и препорака за гел/купка за бањање (да можам и лицето со тоа да му го мијам). Дали маслената на Биодерма што ја спомнувате би одговарала во овој случај? На телото нема проблем за сега, само малку сува кожичка на две места.
На сува кожа не се мачкаат маслени продукти, се мачкаат хидратантни продукти. Од досегашното искуство и тоа што сум читала, а може и да сум грешка, не знам.
Гледај друга крема за газе земи искрено павловичевата не е веќе тоа што беше порано, земи на веледа подобро или алверде ако имаат на природна база.
4 цуцли, две на авент две на бибс ( доволно е една за почеток ), три шишиња стаклени две мали едно големо ( доволно е едно мало ) фактор за сонце што е ( немам појма зашо го купив ) , крема за лице, пелени 2 пакетчиња големи 1ца купив, ноктарица а ми кажаа од после со ножички се сечеле ноктите, тоа појасот што е за грчеви ( ајде добро може ќе се искористи ), судо крем ( незнаеш дали ќе ти треба, ама ја да го имам ) и искрено не ми текнува друго така у кесата ми стојат ми е страв да отворам бог знае што друго сум земала