Чекај бе.. кај ја најде цела колекција од пенатен?????? Па се имам отепано од барање и не можам да најдам ништо освен онаа кремата со цинк оксид што е.. аман кажи каде ја најде..
Jas ja zedov od real, a ja ima i vo aptekite i vo drugite dobrosnabdeni marketi..vo lidl ne se sekavam dali ja vidov..znaci dobri se proizvodite neli..osobeno za kremata da e dobra za gazenceto?!
Јас за пенатен знам од мајка ми. Таа го порасна брат ми со оваа козметика и со бејбиситер влажни марамици. Јас ја имам само онаа кремата со цинк оксид што е. И ја ставам навечер пред спиење пошо долго време ми е во пелени мочана.. фала богу досега е супер. Нема ни црвенило ниту ништо. После 10-12 саати спиење кога ќе ја преслечам сабајле уште на нејзе има од кремата.. тоа е доказ дека мочката само се лие по кремата и не стигнува до кожата. Ќе пробам да ја најдам цела колекција.. многу ми ја фалеше мајка ми ама досега не успеав да ја најдам мислев дека ја имаат тргнато од продажба. Баш ме израдува!
да ви кажам мамички моето синче има 17 дена и уште кога си дојдовме дома почнавме да се бањаме со бекутан шампонче и купка 2 во 1 и кожичето почна да му се лупи да му е суво ама не помислив дека е од бекутанот кога отидов на 2 недели на здраво педијатарот ми кажа никакосо бекутан само од него му е тоа содржел многу хемикалии ми кажа само со чиста вода да го бањам во која ке ставам и чајче од камилица ама мене само така да го бањам мие некако не убаво па зедов мериам сапунче па сега ке видиме како ке биде а таму на здраво една друга мамичка со едномесечно бебче уште кога го виде моете бебче како е во кожичето ми рече дека е од бекутанот бидејки и таа го имала истиот проблем од кога му го сменила му се средило кожичето така да мамички колку можете избегнувајте го бекутанот за бањање а за маст ја користам таа на бекутан и немаме проблем до сега за неа педијатарот ми рече можиш да продолжиш да ја користиш
Не е проблемот само во Бекутанот туку бебето има по сува кожа па полошо делува и плус честото капење.Затоа да ми е овој памет пред да се роди дете не се брза за козметика. Совет од мене,мајка на дете со атопичен дерматит, употребувај маслена купка од типот мустела,еуцерин или било што ќе најдеш и крема/лосион за после бањање.
Корлистел ли некој Суду крем (Sudocrem) и за што? Знам дека го има во Џамбо и е скапо, ние добивме огромна кутија на поклон од пријатели од Англија. Па не знам дали да ја мачкам малата.
Јас користев судокрем за пеленски осип базата му е цинк оксид, благ анестетик, благ антимикотик. Помага доста, во џамбо е 300 денари.
Многу мајкички го препорачаа како најдобар. Јас веќе го купив, купивме денес и облека за бебушка па кај и да е деновиве ќе ги исперам.
за керка ми користев посебен прашак а сега за син ми перам со истиот што го користам и за нас само ставам сензитив омекнувач ленор бел и се разбирA неговите алишта одделно ги перам.мислам дека не игра толку улога прашокот колку тоа да се добро исплавени алиштата за да нема некоја реакција.
баш така ке видиш.прво ти е,така? здравје боже за второто ке ти биде битно да е чисто и најадено а за ситници нема да се замараш. не го запоставувам да не бидам погрешно разбрана ама па и не се потресувам за се и сешто.
И ќе користам Дуел јас се мислев за персил сензитив оти овде на форумов многу го фалеа ама видов дека дуел е поефтин а каде што одев на вежби за трудници сестрата кажа да го приспособуваме бебето на нашиот стандард и можности. Да не се претерува во тинтрење што би рекла јас нормално и потребно без марки на облека и скапи козметики она што е добро да се купи, не секогаш скапото е добро и убаво.
Не знам дали сте забележале,но повторно ги има во продажба производите на Косили,зборувам за оригиналните производи. Јас ја купив купката и шампончето за ќерка ми и сум презадоволна.
Мамички дали има Мустела 2 во 1 купка и шампон? Сакам деновиве да купам додека имам сеуште некој денар. Или од оваа фирма одат посебно купка-посебно шампон? Исто наместо јекодерм сакам да ја земам павловичева оригиналната 220 ден. е од Др.Павловиќ. Од пелени сакам да земам Памперс Премиум за почеток па после ќе видиме дали ќе мењаваме. Уффф 50 евра не ми бегаат само за козметика, ама за убаво нека е. Инаку сум скоро 32 недела.
Вчера бев во Зегин да ја купам Мустелата ама аптекарката ме убеди да ја земам Corine de Farm гел и шампон 2 во 1 и крем-млеко за тело за мачкање. Ми рече многу се барани и ги земаат и доста поефтини се. И нив ги зедов. Ме препорача и нешто за осип од пелени ама не зедов не знаев дали треба. Ја купив и оригиналната павловичева 210 ден е. Сакав и цинк оксид да земам ама не знаев од која фирма и не зедов. Дали треба друго нешто да се купи на почеток?