После бањање нежно помини со пешкирчето. Каква козметика користиш? Јас биодерма ,од млекото за тело го мачкав и таму.
Не се многу оти цела година ќе го користиш, ние сме со минимални плати, ама ова се исплаќа, 5 год е големиот уште со неа го капам. Од бебе си имаше атопичен дерматит и си го има цело време, ама не преку цела год. За бебето веледа жолтата со невен ја користам, еве 5 месеци е уште не го имам потрошено. Двајцата ги капам 2 пати неделата, газе секој ден
Ги има некој користено влажните? Сакав од тие 99% вода да земам ама несакајќи ги земав овие. Не знам дали да ги сменам или ок се? Сензитив со бадем без алхохол и мириси се. Инаку се опремив со бејбилав козметика, млеко за бањање, лосион, балсам за бањање. Зедов павличева и судокрем. Се по потреба планирам да користам. Само не ми е јасно зошто има цинк во павличевата и дали да се користи почесто, додека судокремот планирам ако има црвенило или нешто. Шо ќе кажете за павличевата?
А има потреба од секојдневна употреба на крем? Гледам сега сите кажуваат дека не треба а од другарките викаат секој ден павличева користеле.. Ваљда кожата ќе каже не знам ..
Со првото секој ден ставав зошто морав, а со ова преку една пелена и тоа хидратантна на бекутан онаа од кам
Откако е роден дали три пати му имам ставено крема. Бришам со туфери натопени во вода и газе мијам по какање.
Јас користам и едното и друго. За мене подобри влажни нема, едина мана што по повеќе се влечат ама тоа се решава лесно, пред користење ги гмечам малку, уште неотворени, да се раздвојат и пред да бришам вадам по 2-3 и после полесно иде. Мене сите други ми лизгаат, ми се многу ко масни, а овие топ ми се. И кремата ја корситам, од раѓање имам земено уште не ми е потрошена, ја користам место павловичева кога е вцрвен, не на секое. Не е тоа павловичева уствари, тоа е крема за заштита, нема толку цинк како во судо и други, многу ми е убава. Мачкам и на црвенила и на мене ако се изгорам, летоска на плускавци, топ ми беше. И не се троши никако, цела година ми трае и уште имам.
Кремата е истата оваа што си ја споделила, во Зегин ја има, во ДМ ја нема. Го немам оригиналното пакување бидејќи синко ја акна од земја ја скрши па ја префрлив во друг сад.
Мустела земи, големата купка/шампон. Околу 720 е на попуст, трае многу и е подобра него хип и остали поефтини што се разредени со вода. Второ дете веќе бањам со мустела, првото е 6, уште со таа купка. Се исплати и со цена и со густина на купката.
Мами здраво Малава ми е година ипол и од раѓање ја бањам со мустела е се беше супер до пред една недела кога на коленцата и кај глуждовите се појави сува кожа. Не личи на лишај ама е така како потемен тој дел каде што е суво како небањато личи Е баш денес и се потроши гелот за бањање на мустела па се мислам што да земам што би и помогнало?