Мами дали е добар за сува кожа? На мојата како сува и стана некако,не е баш мека,сакам да купам уриаж,викаш задоволна си?
Kupi si bioderma cim ima suva koza. Podobro nesto od Bioderma atoderm nema, ti kazuvam od iskustvo sto se ne propativ so kozata na sinceto. A i da nema nekoja maka pak Biodermata e najdobra kozmetika za site ne samo za decava. Eve i jas licno koristam.
Со Веледа бел слез лосионот може новороденче се мачка? Ја купив за ќерка ми ама ми се нафрла лом, па да знам дали да ја чувам за бебе што е на пат или да се шлапам јас. Некако не ми се мачка, скапа ми е да ја арчам на мене .
Zenski za lice nekoe kremce da mi preporacate? Bioderma maslena i losion za telo mu mackam. Za pelenska weleda koristam. Do sega na lice isto od losionot mackav i jekoderm. Ne znam dali da teram dali da zemam neso specijalno za lice
Здраво, да прашам како сте задоволни од Weleda бебешката козметика? Се размислувам меѓу неа и Mustela ама слушнав дека Weleda е поприродна во однос на составот па сакам да слушнам ваши искуства
Jas za pelenska regija kremata ja imam, i voedno 99% od drugarkive moi ja koristea so bebinjata,i site se zadovolni. Go brisam so Violeta vlazni 99% voda i mackam Weleda, fala bogu do sega problem nemalo (mesec i pol sme). Sigurno i kupkite za banjanje se ubavi, planiram ponataka da zemam. Momentalno Bioderma maslena za banjanje koristam.
Мустела е медицинска козметика и се користи по индикација, Веледа е на природна база. Изборот на крај е твој, многу тука грешат, од старт користат маслени купки на Биодерма, Мустела, Еуцерин, и после ако се појави атопичен дерматит, не помагаат, а всушност за третирање на такви состојби се наменети, не се за нормална кожа.
Јас од веледа презадоволна досега, 6 месеци е бебе само купка и крем за пеленска регија по потреба користам, на тело не е воопшто мачкан со ништо.
Не сум нашла рецензија нејзина па затоа прашав а знам дека се разбира во состојките. А мислења и искуства различни знам дека има
Имав на почеток тестер од Мустела гелот за туширање од авокадо и многу ми беше убав, еве веќе 6месеци од тогаш користам друга козметика (во странство) и сега баш гледав да го земам пак истото од Мустела. Пишува дека е за нормална кожа, дали мислиш дека не треба да земам? Нормална кожа има, фала Богу нема никакви проблеми. Ми треба совет
Не би знаела да ти кажам, јас не користам таква козметика, немам искуство со неа, преориентирана сум одамна на природна козметика, и за децата и за мене. Што помалку хемија, тоа подобро, барем она што можам да го контролирам. Имам дете што беше атопичар до три години, не посегнав по Мустела воопшто, генерално со природна козметика го поминавме тоа, Еуцерин Аквафор користев кратко еден период, ок е за многу сува кожа, ама пак се вратив на природното.
Порано Логона со невен, сега на Уртекрам и Натура Сиберика, не ретко знам и од Алверде да земам. Веледа е природна, ама јас не сум ја користела, освен кремот за лице за заштита од студ.
Знам и Ла Роше некогаш да користам. Таа каква е? Многу ми е битно со што ја мачкам, а искрено не се разбирам многу која каква е, бидејќи многу проблеми сум имала јас како дете до ден денес, а многу лоша козметика сум користела благодарение на нашите доктори и дерматолози што сум ги посетувала.