Јас за црвенило и лишаи само лосион на уриаж анти иритант користам. За 1 ден се средува се и за првото убаво му делуваше и за второво особено кога и се направија лишаи од алергија на кравјо. Сега е супер и главата и се перуташе иако со маслена купка ја бањам и ставив од тоа се среди. Ако ептен не ти помогне бидермава пробај го ова. Иако е поскапо ама за бебе нема да ставиш ти кој знае колку па да се троши брзо.
Маслената на Биодерма е ептен убава, нас ни помага во комбинација со лосионот. И слободно можеш и на косичката, не остава воопшто масно. Моментално имаш 25% на Биодерма во Зегин.
Драга многу лоша декларацја...подобро не. Земи нешто поприродно на пример ова Драга од сите три најдобро е првото на Хип Немаш потреба од крем за лице, освен ако нема некое позразено црвенило или проблем. Во нормални услови не треба. Поздрав
А дали би можела да предложиш и некој друг шампон за бебиња со добар состав? Дека Уртекрам веќе некое време го нема на залиха во Белина.
Може да го земеш лосионот од истата лнија. После бањање нанеси го на кожата на телото. Поздрав и за било што пиши во секое време.
Здраво на сите Имам проблем со кожата на син ми,многу е сува и му искачаат како лишаи. Користевме еуцерин ама почна после 6 месеци многу да се чеша,сега земав џонсон но исто се чеша дури рацете не ги вади од коса рани ќе се направи. Бекутан многу посува ја прави ги пробав речиси сите. Фрезидерм мислм така се викаше и тоа пробавме не одговара. Што користите за сува кожа за бањање и млеко за тело?
Ех мојата ќерка е со истиот проблем ,ама она е 9 години и тоа еднаш откако пробав Бекутан кога беше помала,мислам дека од него кожата и се исуши,многу и изреагира како лишаи и кај неа,никако бекутан,ужас е .Еве сега пред некое време купиле со татко и бекутан шампон детски после долго време,абе цела на лицето се исфрла како алергија потече и сфатив дека од него и е лом кожата. Пробај со Уриаж маслената купка,XPose таа што е ,или Биодерма маслената.
Првично и ние бекутан беше и стварно кожата му беше катастофа направена. Еуцеринот маслото добро му беше ама еве и од него нешто почна да се чеша. А кожата му е мека и мазна ама многу се чеша. Ќе пробам на Биодерма маслената да видам се надевам ке помогне. Ми рекоа и косили дека е добро, ако користи некоја мајка да ми каже мислење.
Предложете нешто за деца за мачкање на лице, не мора да е прескапо.. последно земав на Алверде детска за лице, ама ништо посебно не ми беше..
Користи го лосионот за телото што го користиш немаш потреба од посебна крема. Косили,бекутан,хип итн за таква кожа не. Јас со Уриаж Xèmose ги средив и двајцата. Имаш маслена купка и лосион анти иритант се вика за 2 денА се повлече цел осип од лицето што го имаше малата од алергија плус од вакцината и се воспали бетер, а големиот имаше лишај на лицето него за 1 недела му се среди.
Најверојатно различно им е. Земи биодерма или уриаж некое лосионче може океј ќе им биде сепак тоа е најизложено на надворешни влијанија нормално е чкораво да им е
12дена сме. И зедов козметика на уријаж за почеток шампонче, крем купка, лосион за тело и крема за лице. Гледам овие 3-4 дена кожичката на телото и е сува, па дали е нормално да почекам уште малку или да и сменам друга колекција?
Многу е мало бебето уште, подобро не експериментирај. Јас би ти рекла да пробаш само со вода, без никаква козметика ни купки ни лосиони. Нема потреба од толку козметика на толку мало бебе, со тоа додатно и се суши кожата. Верувај водата е доволна за да се измие толку мало бебе. Понатаму кога ќе се среди кожата пробај со истата купка што ја имаш па ќе можеш да заприметиш дали е до неа.